за ,

Меѓународен собир на историски возила во Градскиот парк во Скопје

Во сабота ќе се одржи голема изложба на олдтајмери во Градскиот парк во Скопје, во организација на автоклубот Џип Рели Спорт и Еуроимпекс. Вообичаено, посебен нагласок ќе биде ставен на марката Peugeot.

Единаесеттата меѓународна изложба на историски возила ќе се одржува во сабота на 7-ми мај, во Градскиот парк во Скопје. Како традиционална манифестација, меѓународната изложба во организација на автомото клубот Џип Репи Спорт, секоја година привлекува сé поголем број на сопственици на историски возила и наидува на голем интерес кај публиката. Исто како и во претходните години, главната поддршка за оваа значајна манифестација пристига од компанијата Еуроимпекс, увозник на Peugeot. Покрај новите модели на француската марка, на големиот собир ќе бидат присутни и сите останати брендови што Еуроимпекс ги застапува на македонскиот пазар.

Во изминатите две години, изложбата на историски возила се одржуваше во кругот на компанијата Еуроимпекс, но како што постојано растеше интересот на јавноста, организаторите решија манифестацијата годинава да се одржи на паркингот пред Општина Центар, во Градскиот Парк. Свеченото отворање на изложбата е најавено за 11 часот, а доделувањето на признанијата и прогласувањето на победниците ќе следува во 15 часот.

Оваа година, во рамките на Меѓународната изложба, покрај историските возила ќе се најдат и новите модели на Peugeot. Посетителите ќе имаат можност да ги запознаат и останатите брендови кои Еуроимпекс ги застапува на македонскиот пазар, вклучувајќи ги маслата Total и Vlavoline, акумулаторите Banner, пневматиците Toyo, како и програмата Professional Tuning.

„Овој настан има двоен карактер. Посетителите преку историските возила се навраќаат наназад во историјата, а во исто време преку претставувањето на новите возила на Peugeot ‘погледнуваат’ и во иднината. Седми мај ќе го одбележиме историски преку ‘олдтајмерите’ и преку историјата на нашата компанија. Минатата година имавме 25 годишен јубилеј, зборувавме за развојот на компанијата во чиј фокус беше Peugeot брендот, а со почетокот на оваа година го објавивме нашето регионално застапство за Peugeot на пазар поголем од 14,5 милиони жители. Новостите не запираат тука, чест ми е да ве информирам дека нашето долгогодишно залагање и градење на брендот Total на Македонскиот пазар, оваа година бележи 20 годишен јубилеј,“ изјави г-ѓа Ивана Манчева Михајловска, маркетинг директор во Еуроимпекс.

За деталите околу самата изложба говореше г-н Димитрије Пеливанов, претседател на АМК Џип Рели спорт и делегат на изложбата: „Тимот кој победува, не се менува – многу добро позната поговорка. Соработката со Еуроимпекс продолжува трета година по ред. Што се однесува до единаесеттата изложба на историски возила, правилата на Меѓународната федерација FIVA високо ги респектираме и секое возило на изложбата е произведено пред повеќе од 30 години. Воедно, секое историско возило, за да биде изложено, треба да биде одржувано во оригинална состојба или реставрирано еднакво на оригиналот. Голема чест ми е да кажам дека на 11-тата Меѓународна изложба на историски возила, 11 возила ќе бидат од брендот Peugeot, a останатите возила од други брендови.“

На изложбата во сабота ќе се најдат над 60 историски автомобили и 20 мотоцикли. Најстар автомобил на изложбата е Fiat Topolino од 1936 година, а најстаро возило од марката Peugeot е „404“ произведено во 1968 година. Посетителите ќе имаат можност да го видат и мотоциклот Jawa произведен во 1930-та година.

[FAG id=24232]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Десет малку познати факти од историјата на Lamborghini

Tesla негодува зашто е исклучена од германската субвенција за електромобили