за

Десетте најпродавани автомобили во Кина

Кина е најголем пазар на автомобили во светот. Пет од десетте најпродавани модели го носат знакот на Volkswagen. Само еден модел меѓу најпродаваните е од чисто кинеска марка.

Кинезите сакаат нивните автомобили да бидат големи и просторни. Тоа се покажува и во продажната статистика за 2013 година. Најпродаван автомобил беше компактниот ван Wuling Hongguang со 448.484 продадени примероци. Успехот на овој модел се темели и врз фактот што просторниот седумсед е достапен како приватно возило, но и како евтино доставно возило за фирмите. Возилото се произведува од 2010 година и потекнува од заедничката фабрика на SAIC и General Motors во Кина.

Останатите модели меѓу десетте најпродавани исто така не доаѓаат од чисто кинеските марки, туку се развиени и се произведуваат локално со помош на европски, јапонски и американски фирми со локални погони. Особено е силно пазарното присуство на марката Volkswagen. На второто место на листата на бестселери се наоѓа Volkswagen Lavida, лимузина развиена врз основа на Golf и произведувана во Shanghai-VW. Моделот се продаде во 433.870 примероци.

На третото место е Ford Focus со 403.640 продадени примероци, а на четврото се наоѓа Buick Excelle, кинеската верзија на Chevrolet Cruze (296.183 возила). Првата половина од десетте најпродавани завршува со малечката лимузина Chevrolet Sail (276.302 возила).

На следните места се наоѓаат VW Sagitar (врз основа на Jetta, 271.188 возила) и кинеската верзија на VW Jetta (263.408 примероци). Потоа следат Nissan Sylphy (259.545), Chevrolet Cruze (246.890) и Volkswagen Bora (237.156), како уште една верзија врз база на Jetta. Десеттото место му припаѓа повторно на модел на Volkswagen, на Passat (227.262). Најпродаван теренец во Кина во 2013 година беше Haval H6 од марката Great Wall, која повеќе години е присутна и на нашиот пазар. Овој модел е воедно и најпродаван автомобил од чисто кинеска марка со 217.889 примероци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Американската Honda извезува повеќе отколку што увезува

Купувачи на автомобили најдобро се привлекуваат со скара!