Дали фабричкиот дефект на Jeep го усмрте Антон Јелчин?

Актерот од „Стар трек“ загина од сопствениот Jeep. Американската марка веќе подолго време има еден безбедносен проблем со техниката на своите возила.

Ѕвездата од „Стар трек“, Антон Јелчин, загина од сопствениот автомобил. Според полициските наводи, актерот излегол од возилото, оставајќи моторот да работи. Но, автомобилот се придвижил и се залетал наназад по стрмната надолнина. Тешкиот Jeep буквално го здробил Јелчин. На фотографиите од местото на трагедијата се забележува дека 2,5-тонскиот Jeep бил солидно залетан, затоа што оградата во којашто удрило возилото е здробена целосно.

Сега се јавуваат сомнежи дека трагедијата е поврзана со познатиот проблем на Grand Cherokee. Американците неколкупати го имаа истиот проблем во минатото. Рачката на автоматскиот менувач претходно беше изведена на таков начин што возачот можеше лесно да се збуни и место во положбата за паркирање да го постави менувачот во положба за слободен òд.

Постои опасност рачката на менувачот да се префрли самостојно од „P“ во „N“

По смената на концептот на ракување со менувачот, може да се случи рачката самостојно да се врати во основната положба, што значи во N, откако возачот претходно ќе ја постави рачката во P. Доколку возачот не внимава, претстои трагедија, како во случајот со Јелчин. Кога возилото ќе појде, не постои можност за каква било интервенција однадвор за истото да се запре.

Дури и по интервенцијата откако се откри безбедносниот пропуст на Jeep, производителот не вгради звучно предупредување кога возачот го напушта возилото, додека менувачот е во неутрална положба. Настрана фактот што и натаму отсуствува вообичаената безбедносна заштита при поместувањето на рачката на менувачот од положбата за паркирање

Над 1,1 милион возила претходно беа повикани во сервисните работилници на Jeep, заради отсуството на звучно предупредување кога возачот излегува од возилото, додека менувачот е оставен во неутрална позиција. Место звучно предупредување, Fiat-Chrysler имаше вградено само малечка светилка, којашто очигледно дека возачите лесно ја превидуваа. „Алармот“ треба да го предупредува возачот за потенцијалната опасност во моментот кога тој ќе ја отвори вратата на возилото.

Дефектот постои кај возилата што се произведени меѓу 16-ту јуни 2012 и 22-ри декември 2015. Засега нема информација дали возилото на Јелчин било дел од дефектната серија, но од самата незгода може да се заклучи дека токму проблемот со менувачот е причина за трагедијата. Уште посомнително е зошто возилото на Јелчин не било повикано во сервисните работилници на Jeep заради отстранување на дефектот.

Претходна објаваКамионите на Mercedes самостојно ќе запираат пред пешаци
Следна објаваBugatti Chiron побрз од сите тркачки болиди на Леман

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here