за

Гинисов рекорд: Passat мина 48 држави во САД со 3 L/100 km

Да се минат сите сојузни држави во САД, освен Аљаска и Хаваи, со колку е можно пониска потрошувачка на гориво е најголем предизвик за сите ловци на рекорди.

Pasast 2.0 TDI со 140 КС, произведен во фабриката на Volkswagen во американската Чатануга, го совлада растојанието од вкупно 13.071 километри за 16 денови, со вредност на потрошувачката на гориво што заслужи влез во Гинисовата книга на рекорди.

Возачкиот тим, составен од блогерот Вејн Герд и инженерот Виб Вингер, во просек трошеше по 3,02 литри дизел на сто километри или минуваше по 78 милји со еден галон гориво, што е неспоредливо пониско од досегашниот рекорд од 67,9 милји со галон. „Нашиот пример со серискиот Volkswagen Passat покажува колкаво е вистинското влијание на возачот врз потрошувачката на гориво“, изјави Герд по пристигнувањето во Херндон, во близина на Вашингтон. За овој модел, фабриката наведува просечна потрошувачка од 5,5 литри дизел на сто километри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Panther WaterCar · Автомобил и глисер во едно

ЕУ во кавга околу емисијата на CO2 од автомобилите