Петмина играчи поставија нов рекорд за најдолг маратон во автомобилска симулација со виртуелен Ford GT во Forza Motorsport 6. Рекордерскиот тим „извозе“ 603 кругови за 48 часови.
Кара Скот од Велика Британија, Елен Кресо од Франција, Јоханес Кнап од Германија, Андреа Лоренцо Фачинети од Италија и Хесус Сицилиа Санчез од Шпанија јуреа со виртуелен Ford GT цели 48 часови и 29,21 минути по легендарната тркачка патека Леман, извозувајќи 603 кругови или 41.004 виртуелни километри. Претходниот рекорд изнесуваше 48 часови и една минута. Рекордот се поставуваше на пет играчки конзоли за X Box во седиштето на Ford во Келн, непосредно пред почетокот на „Гејмском“.
Петчлениот тим за време на возењето потроши три килограми слатки, 32 енергетски пијалоци, 146 мали шишиња вода и 47 освежителни пијалоци. Во двата дена и ноќи во играње, рекордерите имаа можност да отспијат само неколку часови.
Реален Ford GT во јуни постигна победа на 24 часа Леман во класата GT, точно половина век по трикратната победа на Ford GT 40 во 1966 година. За одбележување на враќањето на Ford на Леман, марката ја понуди тркачката верзија на Ford GT за бесплатно преземање за играта Forza Motorsport 6. Според онлајн-статистиката, играчите досега совладале над 70 милиони виртуелни километри со виртуелниот GT, што е еднакво на оддалеченоста од Земјата до Меркур и го става Ford GT меѓу петте најпопуларни модели кај играчите.
Ford и Microsoft постигнаа соработка во „Forza Racing Championships“, најголемиот тркачки шампионат во историјата на играта. Шампионатот се одвива до 4-ти септември, поканети се најдобрите играчи на Forza во светот. Главната награда е Ford Focus RS.
















