Класичен двобој во некласична режија на Honda: Две против четири тркала

Очигледно дека масовното присуство на тркачките патеки остава траги. Honda дојде на идеја да ги замени возилата на повеќекратни шампиони во мото и авто-трки. Ова е Honda CBR1000RR Fireblade SP против BTCC Honda Civic Type R, Џон Мекгинис против Гордон Шеден.

Џон Мекгинис, 23-кратен победник на ТТ, ја замени својата „службена“ Honda CBR1000RR Fireblade SP за Honda Civic Type R, со којашто двократниот шампион Гордон Шеден се натпреварува во британскиот шампионат за туристички автомобили BTCC. Во исто време, Шеден мораше да ги извози предвидените 30 кругови на тркачката патека со две тркала помалку од вообичаеното. Ова уникатно одмерување на силите во „погрешното“ возило се одржа во режија на Honda и Dunlop, на шкотската патека Нокхил.

Двајцата возачи се соочуваат со сосема различни предизвици кога се наоѓаат во своите „точни“ возила. Додека Шеден треба да извози 27 кругови или неполни 34 километри во борба со 31 конкурентски автомобил на совршено мазен асфалт, Мекгинис има на располагање само еден круг во должина од околу 61 километар, по предизвикувачките јавни патишта на Островот на човекот.

Ова го изјавија ѕвездите по необичниот двобој:

„Беше брилијантно. Искрено, не ми се излегуваше од автомобилот. Целата мисла се менува кога ќе го замените тоа што ви е познато со нешто ново и бев по малку нервозен, но сите ние сме тркачи и само сакаме да возиме брзо.“

„Тешко се гледа темето на свијокот, врзани сте во тесно и внатре е мошне топло. Ги вдишувате миризбите од моторот и има многу тропање и удари. Тоа е сосема различен свет, но бев шокиран од префинетоста и прецизноста.“

Џон Мекгинис

„Ова беше нешто апсолутно вонземско, можеби во главата ќе ги создадете слика како изгледа сето тоа, но не може да се спореди кога навистина ќе се најдете на местото. Феноменално е брзо, но по свикнувањето учите да се релаксирате и да стекнувате доверба. Ова беше апсолутна привилегија.“

„Првпат во животот возев на слик-гуми и неверојатно е колку добар контакт може да постигне површина со големина на кредитна картичка. Тоа е апсолутно збунувачки. Брзината е каква што ја очекувате, светот минува со милион милји на час. Можам само да замислам како изгледа да се вози круг на патеката на ТТ!“

Гордон Шеден

 

Претходна објаваMercedes-Maybach 6: Повеќе луксуз планетата не поднесува
Следна објаваГинисов рекорд за виртуелен Ford GT: Два дена на играчка конзола

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here