за

Германски адвокат ќе го спасува Fisker

Група од инвеститори, предводена од адвокатот Инго Фојт, планира да го презеде американскиот производител Fisker. Првата понуда е 25 милиони евра.

Марката Fisker се специјализираше за возила со алтернативен погон. Производителот на хибридната лимузина Karma нема пари, продукцијата мирува повеќе од една година. Адвокатот од Хамбург, Инго Фојт, самиот сопственик на лимузината Karma, заедно со неговите колеги Хендрик Клајн и Зерен Милер од инвеститорската фирма Fritz Nols AG, има разработено план за санирање за Fisker, во кој се предвидува преселување на производството во САД. До минатото лето автомобилите се произведуваа во Valmet, во Финска.

Фојт го критикува поранешниот сопственик на марката, дизајнерот Хенрик Фискер: „Нагласокот беше ставен на дизајнот и на производството. Притоа се заборави дека автомобилите мора и да се продаваат.“ Доколку американското министерство за енергија ја прифати понудата од Фојт и Fritz Nols AG, Fisker ќе стане германска марка со седиште во Хамбург. Инвеститорите планираат на почетокот да произведат мала серија од 2.500 примероци од лимузината Fisker. Подоцна понудата може да се прошири со нови каросериски изведби, меѓу кои и кабриолет.

Германските инвеститори не планираат да го купат Fisker евтино и да го продадат поскапо, туку да ја санираат и спасат фирмата. Се чека одговорот од министерството за енергија, кое на Fisker му одобри кредит во висина од 183 милиони долари, а кои претпријатието не може да ги врати.

fisker germanija

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германските марки продаваат во Кина исто колку во ЕУ

Стартуваше производството на Skoda Rapid Spaceback