По пуштањето на когенерациската централа и вклучувањето на возила со погон на водород во возниот парк, во фабриката во Диселдорф сега следуваат и вилушкари со најсовршениот погон досега.
Вилушкари опремени со горивни ќелии ќе се тестираат во секојдневната логистика во фабриката на Mercedes во Диселдорф до крајот на 2016 година. Тие се производ на Linde, еден од водечките производители на вилушкари и магацинска машинерија во светот, а за нивната набавка е потпомогната од германската влада во рамките на програмата за унапредување на технологиите на водороден погон и горивни ќелии. Проектот ќе трае до крајот на следната година, за потоа да се реши дали вилушкарите со погон на водород ќе се користат и во останатите фабрики на Daimler.
Примената на енергетски ефикасни технологии што не произведуваат штетни гасови и отпад е од особено значење во фабриката на Daimler во Диселдорф, којашто се граничи со станбена населба и подрачје на заштитени води. Во исто време концернот работи на брза комерцијализација на чистиот погон со водород, вклучувајќи и неколку партнери на глобално ниво.
















