Модел од претходната класа В на Mercedes со погон на водород мина без престан 300.000 километри, докажувајќи ја технолошката зрелост на овој погон на иднината.
Уште од 2010 година, моделот од класата B со погон на водород се користи секојдневно од страна на европските и американските клиенти на Mercedes. Оттука е сосема нормално што B-Class F-Cell сега го постави рекордот за најдого возење со автомобил со погон на водород, со преку 300.000 километри. Целата флота на Mercedes од тест возила со горивна ќелија, којашто во меѓувреме порасна на преку 300 возила, досега има изминато повеќе од девет милиони километри. Инженерите ги користат искуствата со тест возилата за откривање на евентуалните недостатоци и за натамошно усовршување на погонот.
Паралелно со Mercedes, слични тестирања прават и партнерите Ford и Nissan, според договорот за претставување на заедничка погонска единица со погон на водород до 2017 година, со цел трите партнери да постигнат повисока продажба и на тој начин побрзо да ги повратат вложувањата во развој на горивната ќелија. Daimler работи и на изградба на мрежа од станици за полнење водород, како следен предуслов за прифаќање на новиот погон од страна на купувачите. Погонот со водород во основата е погон на струја, со таа разлика што место енергијата за погон на електромоторот да се црпи од тешките и скапи батерии, таа се произведува преку реакција на ладна фузија во модулот од горивни ќелии.
















