Ветеранот на Volvo не се предава: XC60 е најпродаван модел во сегментот

Уште еден доказ за „издржливоста“ на Volvo. Седум години по премиерата, кросоверот XC60 уште успева да го предводи сегментот и со продажбата да ги надмине сите конкуренти.

Шведскиот кросовер XC60 се појави за првпат уште во 2008 година, но како што минуваа годините, тој се продаваше сé подобро. И не само подобро, туку и најдобро. Во минатата година, кросоверот од средната класа се продаде подобро од кој било од неговите конкуренти. Volvo XC60 достигна 158.617 примероци во 2015 година и тоа е негова најдобра продажба досега. Истото важи и за моделите S60 и V60 со коишто тој ја дели платформата.

Во сегментот на Volvo XC60 воопшто не е лесно, затоа што тука чекаат ѕверки како BMW X3 или Honda CR-V и Mazda CX-5. Во оваа конкуренција, Швеѓаните успеаја за околу осум години да продадат над 750.000 примероци од моделот. Продажбата надмина 100.000 примероци дури во 2012 година и продолжи да расте постепено, достигнувајќи 136.993 примероци во 2014 година.

Претходна објаваПаѓа уште едно табу за Porsche: Следи комби изведба од Panamera
Следна објаваAudi RS Q3 со ново експлозивно полнење: 367 КС и 4,4 секунди до сто

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here