Вардарци во ново урбано доживување со Nissan Qashqai

Популарноста на најтрофејниот македонски ракометен клуб секојдневно расте, со постојано зголемување на кругот на симпатизери на Алекс Душебаев, Тимур Дибиров и Столе Стоилов кои на последниот натпревар беа најпрецизни во победата над својот противник. Освен теренот, тие го освојуваат и градот со кросоверот Nissan Qashqai.

Како што наведува Аутомотив Груп во денешното соопштение за печат, „со својот компактен изглед, аеродинамична каросерија и повисоко седење, новиот Qashqai овозможува ново урбано доживување во градското возење на младите ракометари. Секој луксузен детал е дизајниран да привлекува погледи без да ја наруши удобноста во возењето.“ Дека ракометарите на Вардар вистински уживаат во своето искуство со Nissan Qashqai може да погледнете во галеријата фотографии по еден од нивните тренинзи непосредно пред натпреварот со РК Рајн Некар Левен.

Претходна објаваAudi без возач ќе се трка со 240 km/h на патеката во Хокенхајм
Следна објаваToyota останува највредна автомобилска марка според Interbrands

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here