Како спонзор на Лигата на шампиони, Nissan не одолеа и самиот да се испроба на теренот, во фудбалски меч меѓу тимови составени од бели и црни возила на марката. Учествуваа и вистински фудбалски ѕвезди, но во друга улога.
Автомобилскиот спонзор на Лигата на шампиони ги провери фудбалските способности на своите модели во несекојдневен натпревар. Најдобрите „играчи“ во моделската понуда на Nissan беа распоредени во два тима, едниот во бели, другиот во црни возила на марката, секој составен од по четири модели. На позиција на одбранбен играч се најде Nissan NP300 Frontier, средината ја држеа Nissan X-Trail и Nissan Qashqai, додека Nissan Micra ја имаше задачата да напаѓа директно пред голот.
https://youtu.be/q8YGMPEhgFs
Првото прашање по изгледувањето на репортажата: Како возилата се движат толку вешто по теренот и без груби контакти? Објаснувањето лежи во тоа што огранокот на Nissan за Јужна Америка избра професионални возачи да седнат зад воланот, со експертска помош од поранешни фудбалски ѕвезди и спортски коментатори на совозачкото седиште, вклучувајќи ги големите имиња како Фабијан Варгас или Хорхе „Патрон“ Бермудес.
















