Британската фабрика на Nissan произведува со струја од сонцето

На десетте ветерници кои ја снабдуваат со струја фабриката на Nissan во британскиот Сандерленд, сега им се придружуваат уште 19.000 соларни панели. Во фабриката се произведува и електричниот шампион Leaf.

Nissan ја вклучи новата соларна фарма во снабдувањето со струја на фабриката во Сандерленд, најголем погон на јапонската марка во Европа. Соларната фарма ја сочинуваат 19.000 фотоволтаички панели, со капацитет од 4,75 мегавати. Ова претставува чекор напред во настојувањето на Nissan да ја сведе емисијата на издувни гасови на нула, како во производството, така и во експлоатацијата. Во Сандерленд се произведува и електричниот модел Leaf, како и батериите за него.

Дел од енергетската потреба на фабриката досега се покриваше од десет ветерници, од кои првите се поставени уште во 2005 година. На нивниот капацитет од 6,6 мегавати, сега им се придружуваат и соларните панели, со капацитет од 4,75 мегавати, односно вкупно 11,35 мегавати добиени од одржливи извори. Алтернативната енергија моментно учествува со 7 проценти во покривањето на вкупната потреба од енергија на Сандерленд, доволно да се произведат 31.374 возила.

Претходна објаваШто сé има во уникатниот Renault Clio R.S. 16?
Следна објаваAudi ја отвора фабриката во Мексико во септември

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here