за ,

Британската полиција се вози на струја

Додека нивните колеги во Дубаи тераат суперскапи и супербрзи болиди, полицијата во Вест Мидлендс реши повеќе да ја почитува животната средина и во возниот парк вклучи 30 возила со погон на струја Nissan Leaf.

Десет локални полициски единици добија по три возила Nissan Leaf, кои што ќе бидат користени за средби со жртвите и со сведоците на криминалните дејанија на територијата на Вест Мидлендс. Овие возила поминуваат дневно меѓу 60 и 70 километри, што совршено одговара на автономијата на Leaf од 200 километри со едно полнење на батериите.

Во меѓувреме, во секоја полициска станица се инсталираа полначи за батериите на Leaf. Струјата што е потребна да се наполнат батериите на електричниот Nissan чини околу 1,75 британски фунти, што секако претставува големо олеснување за полицискиот и државниот буџет.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai произведува со енергија од сонцето

Себастијан Леб: „Peugeot 208 T16 Pikes Peak е ракета!“