за

Бразилскиот Taigun ќе доаѓа и во Европа

Според пишувањата на британскиот Auto Express, малечкиот теренец Taigun наскоро ќе почне со сериско производство и нема да се нуди само на јужноамериканскиот пазар.

Клаус Бишоф, главниот дизајнер на Volkswagen, на прашањето на Auto Express дали компактниот теренец прикажан на последниот салон во бразилскиот Сао Паоло ќе се појави во европските салони одговори: „Цврсто сум убеден во тоа. Бесмислено е Taigun да се продава само во Јужна Америка. Ние сме претпријатие со глобална активност и продаваме автомобили на секој пазар на кој што постои интерес“.

Taigun е долг 3,86 метри, широк 1,73 метар и висок 1,57 метар и има багажник од 280 литри. Погонот е напред, а теренската проодност се темели само на зголеменото растојание од подлогата. Моторот во студијата е трицилиндарски со турбонатполнење и 110 КС, кој ќе се вградува и во VW Up GT. Со овој мотор, Taigun забрзува до 100 за 9,2 секунди и ќе постигнува крајна брзина од 186 km/h.

Постојат и други планови во VW, на тема спортски теренци. До 2015 година ќе стартува и новата генерација на компактниот Tiguan, а во истата година се очекува и премиера на спортски теренец на основа на Polo, кој во понудата ќе биде позициониран над Taigun.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen е најугледна германска фирма

ПРВО ВОЗЕЊЕ: CHEVROLET TRAX