БМВ обожувана марка на Германците: Два Златни Волани од Ауто Билд, девет награди од Ауто Цајтунг

Златен волан за електричниот БМВ и-Икс-3 и секако за БМВ М5 Туринг во изборот на Ауто Билд и деветпати „Ди Бестен“ според читателите на Ауто Цајтунг.

Баварците имаат нови звучни титули што ќе ги спомнуваат во своите реклами. Две од нив доаѓаат од изборот за Златен Волан, којшто им ја донесе ценетата титула на електричниот и-Икс-3 и на не многу електричниот М5 Туринг, а девет дополнителни наслови доаѓаат од читателите на магазинот Ауто Цајтунг.

Доаѓањето на БМВ и-Икс-3 се случи со татнежи што ги создаваше баварскиот производител, со бројните најави дека тоа е прв модел од новата генерација модели на марката, прв од Ное Класе, којшто со бројни нови технологии влијае врз секој следен нов модел од Минхен. Производителот го направи своето, сега е ред за јавноста да каже дали сета таа помпа вредеше. Очигледно, да.

БМВ и-Икс-3 50 иксДрајв понесе наслов на Најдобра иновација за 2025 во изборот на Ауто Билд и Билд ам Зонтаг. Вториот Златен Волан му припадна на М5 Туринг, за најдобар новитет во вишата и луксузната класа.

Читателите на магазинот Ауто Цајтунг исто така покажаа одушевеност за моделите на Баварците, и тоа осумпати. Меѓу победничките модели во овој избор се најдоа сите серии од 1 до 5, и СУВ-сериите од и-Икс-1 до Икс 5. Деветтиот наслов за БМВ е најзвучен и најверодостоен. „Најдобра марка на светот.“

Оливер Ципсе, извршниот директор на БМВ АГ, не е изненаден од успехот на и-Икс-3, но затоа е пријатно изненаден од друго: „Преднарачките ги надминуваат дури и нашите високи очекувања и сведочат за висок интерес кај клиентите.“ Наскоро почнува и продажбата на електричниот СУВ од нова генерација, мошне е извесно дека ќе следи и негова премиера на македонскиот пазар.

Од 2019 година, не минува Златен Волан без барем еден БМВ да освои титула

Новиот и-Икс-3, доаѓа на местото на истоимениот претходник со сосем сменет дизајнерски јазик и поставува нови мерила за електричниот погон, во поглед на перформансите и досегот. СУВ-то од средна класа вози до 805 километри на струја, полни неверојатно брзо доколку полначот може да испорача 400 киловати. Меѓу новините се уште Панорамски ајДрајв и четири суперкомпјутери низ целото возило, коишто се помоќни и од домашен десктоп за игра.

М5 Туринг е од сосем поинаков ков, иако и тука игра електромотор. Се работи за комбинација од 4,4-литарски Ве-8 и електромотор, заедно со 727 КС. Тоа што комбито го умее повеќе од култната лимузина е превозот на товар: Од 500 до 1.630 литри простор.

За изборот Ауто Трофи дојдоа гласови од близу 10.000 читатели на Ауто Цајтунг

Ауто Трофи се доделува од 1987 година. Читателите гласаа за 400 модели, во 18 класи. Во изборот што траеше месец и пол, глас за најдобрите новитети дадоа 9.972 читатели.

Досега не се случило производител да освои девет Ауто Трофеи

„Најдобри малечки автомобили и компакти“: BMW 1er (15,7 %).

„Најдобра средна класа“: BMW 2er Gran Coupé (19,4 %).

„Најдобра виша/луксузна класа“: BMW 5er (25,4 %).

„Најдобри СУВ, 30.000 до 60.000 евра“: BMW X3 (19,7 %).

„Најдобри SUV над 60.000 евра“: BMW X5 (14,1 %).

„Најдобри електрични лимузини“: BMW i5 (20,5 %).

„Најдобри електро-СУВ до 50.000 евра“: BMW iX1 (18,3 %).

„Најдобри електро-СУВ над 50.000 евра“: BMW iX3 (17,9 %).

„Најдобра марка на светот“: BMW (22,1 %).

БМВ Икс 3 · Тест · Погонот лична карта, возните својства пасош

Претходна објаваШкода почна да продава во Саудиска Арабија, доаѓаат модели од Индија
Следна објаваШаоми првпат заработува од својот бизнис со автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here