Аутомотив Груп обезбеди медицинска опрема за Клиниката за детски болести

Вчера вечер во прекрасната атмосфера во тенискиот клуб АБЦ беше и официјалното затворање на хуманитарниот тениски турнир NISSAN Open 2014 и прогласувањето на најдобрите во сите категории.

Изминативе десет дена во преден план беше ставена хуманоста, а резултатите од одиграните натпревари беа поттик повеќе за сите натпреварувачи. Посетеноста и навивањето не изостануваа, напротив оваа година турнирот беше најмногуброен со над 120 учесници.

Средствата од котизациите на хуманитарниот тениски турнир се наменети за обезбедување на инфузиони пумпи за дечињата од одделот на хематоонкологија за клиниката за детски болести Скопје. Претходно во форма на чек од 125.000 денари беа врачени од страна на г. Кирил Калеников – генерален менаџер на Аутомотив Груп, екслузивен застапник на возилата RENAULT, NISSAN и DACIA на проф.д-р Софијанка Гламочанин – шеф на хемато онколошкиот оддел.

Тимот на Nissan ќе продолжи со организација на тенискиот турнир во иднина со цел преку хумани гестови да влијае врз развивањето на чуството за вистинските вредности во заедницата.

Претходна објаваТоа е новиот Volkswagen Passat
Следна објаваНајлошиот теренски автомобил во светот на супертестот на Auto Bild

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here