Хуманитарниот тениски турнир на ТД Кадис од оваа година се одржува под знакот на марката Nissan. Апликациите за турнирот се започнати, стартот е на 23-ти јуни во тенискиот клуб АБЦ.
По три успешно организирани хуманитарни тениски турнири на ТД Кадис, оваа година за прв пат се одржува хуманитарниот тениски турнир NISSAN Open 2014 во организација на компанијата Аутомотив Груп. Турнирот ќе се одржува во тенискиот клуб АБЦ во периодот од 23-ти јуни до 3-ти јули. Сите парични средства кои ќе бидат собрани од котизациите на тенискиот турнир ќе бидат донирани за помош за набавка на медицинска опрема на одделот хемато онкологија при ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, Скопје.
Апликациите за турнирот можат да се пополнат на Facebook fan страната на NISSAN Macedonia, каде што се се објавени и официјалните пропозиции и правила за игра. Учесниците ќе бидат распределени во повеќе категории, и тоа, во единечна категорија и во категорија двојки. Оваа година учесниците покрај тоа што ќе донираат, ќе се натпреваруваат и за првата награда во секоја категорија – вредносен ваучер од 12.000 денари кој може да го искористат кај генералниот застапник на светскиот тениски бренд BABOLAT во Македонија – ИНТЕКО. И оваа година во турнирот ќе бидат вклучени и најмалите. Детската категорија е поделена во три подкатегории: црвен, портокалов и зелен тенис.
Аутомотив Груп ги кани сите заинтересирани лица преку спорт и рекреација да се обезбеди помош на најмладите, искажувајќи заложба за здрава и сигурна иднина.

















