Американците бараат повисоки брзини на автопатиштата

Во царството на моќните мотори V8 уште важат строги брзински ограничувања

Строгите брзински ограничувања се вистинско измачување на широките и прави автопатишта во САД. Шерифите не простуваат ниту неколку милји побрзо. Но, тоа полека се менува.

Порано во сите сојузни држави во САД важеше исто брзинско ограничување на автопатиштата. Во времето на нафтената криза во 1970-те години беше дозволено да се вози најбрзо со 55 милји на час, што одговара на 88 километри на час. Во последните години сепак почнаа да се појавуваат отстапувања во некои држави. Најбрзо смее да се вози во Тексас, со 85 mph (136 km/h), додека во другите, сојузни држави важат ограничувања меѓу 65 mph (104 km/h) и 75 mph (120 km/h). На Хаваи, пак, важи ограничување на само 60 mph (97 km/h), но на повеќето автопатишта и натаму се дозволени само 55 mph (88 km/h), исто како во останатите сојузни држави до средината на 1990-те години.

Феномен во Јута – повисока брзина, помалку незгоди

Јута пред повеќе години дозволи брзина до 80 mph -  бројот на незгоди опадна за 20 проценти
Јута пред повеќе години дозволи брзина до 80 mph – бројот на незгоди опадна за 20 проценти
Некои сојузни држави сепак почнуваат да им даваат повеќе слобода на своите граѓани. Тие го следат примерот од мормонската држава Јута, кадешто во последните неколку години, на Интерстејт 15 што води од Лас Вегас во Невада, до Солт Лејк Сити, на одредени делници од патот се дозволени 80 mph (130 km/h). Неодамна објавениот резултат од тестирањето предизвика општо изненадување. Бројот на незгоди што се предизвикани од превисока брзина се намали за 20 проценти. Денес на една третина од автопатиштата во Јута се дозволени 80 милји на час.

До пред 15 години, шерифите во Јута сами решаваа дали некој вози пребрзо

Во иста насока размислуваат и сојузната држава Монтана, исто како и соседните Ајдахо и Вајоминг. Монтана е посебно специфична држава во поглед на сообраќајните правила. До 1999 година таму не постоеше точно одредено ограничување. Законот имаше пропишано секој возач да вози „примерно и внимателно“. Само локалните шерифи знаеја што значи тоа точно. Највисокиот суд во Монтана пред 15 години реши да стави крај на овие „несериозни“ закони и оттогаш важи ограничување од 75 mph на автопатиштата во државата.

Граѓаните сами да решаваат дали ќе штедат на време или на пари

Пратеникот Џонатан Винди Бој од индијанското племе Чипава Кри смета дека возачите треба сами да решат дали ќе штедат време или пари
Пратеникот Џонатан Винди Бој од индијанското племе Чипава Кри смета дека возачите треба сами да решат дали ќе штедат време или пари
Два пратеника сега предлагаат Монтана да го следи примерот на Тексас и во државата во којашто еден милион луѓе живеат на површина колку Германија да се дозволат 85 mph. Многомина есперти предвидуваат дека предлозите на републиканецот Скот Сејлс и на Џонатан Винди Бој, кој потекнува од индијанското племе Чипева-Кри, ќе предизвикаат вистинска лавина од реакции. Тие го образложуваат нивниот предлог со „нашите граѓани треба да имаат слобода сами да решаваат дали ќе заштедат време и притоа ќе дадат повеќе пари за гориво“.

Претходна објаваСпецијална серија од Lamborghini Aventador во чест на Pirelli
Следна објава40 години од првиот Porsche 911 Turbo

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here