Американец притворен поради кражба на струја за неговиот електромобил

За 20-минутно полнење на батериите на неговиот Nissan Leaf, еден Американец ќе мора да одлежи 15 часови во затвор. Вредноста на украдената струја изнесува 5 центи.

Возачите на автомобили на струја понекогаш мора да се снаоѓаат како умеат кога батериите ќе се испразнат, а во близина не се наоѓа полнач за струја. Еден сопственик на електричен Nissan Leaf во американската сојузна држава Џорџија го искористил приклучокот за струја во едно училиште и 20 минути ги полнел батериите на својот автомобил, при што потрошил струја во вредност од 5 центи. Но, полицијата смета дека Американецот направил прекршок и го уапсила неколку денови подоцна во неговиот дом поради кражба на струја.

Случајот го евидентирал полициски службеник повикан од трети лица, кој уредно направил записник и го пуштил по вообичаениот бирократски пат. Наводниот прекршител сега мора да се соочи казната и да помине 15 часови во затвор. Јавноста реагираше бурно и смета дека апсењето е престрого изречена мера, особено покрај фактот што самото училиште не ја поднело пријавата. Но, полицијата останува цврсто на својот став дека и мала кражба е сепак кражба.

Претходна објаваТест • Chevrolet Trax 1.6 LT 2WD
Следна објаваКутар Land Rover – доживеа да го претворат во уметничко дело

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here