за

Автопилотот на Tesla повторно предизвика судир

Кусо откако Tesla го потврди кобниот судир предизвикан од автопилотот, следи пријава на уште еден случај кадешто постои сомнеж дека затаила техниката за автономно возење.

Американските медиуми објавија дека во почетокот на јули во близина на градот Бедфорд, во Пенсилванија, се случила незгода во којашто возач на Tesla Model X излетал од патот и удрил во заштитната ограда. Големиот теренец со електричен погон потоа се одбил од оградата, удрил во бетонскиот рабник отспротива и се превртел. Среќа е тоа што при оваа незгода немало жртви, како при претходниот пријавен случај.

Уште не е потврдено дали и оваа незгода била предизвикана од контроверзниот автопилот на Tesla. Во мај се случи првата кобна незгода со Model S. Како што се наведува во полицискиот извештај за последниов случај, возачот изјавил дека автопилотот во неговиот Model X бил вклучен во моментот кога се случила незгодата.

Американските власти за безбедост во сообраќајот пристапија со посериозен пристап кон проблемот со автопилотот на Tesla по кобната незгода во мај. Калифорнискиот производител на електрични автомобили во пријавил случајот кај властите во почетокот на јули. Несомнено е дека Тesla ќе мора да изврши преправки во софтверот на автопилотот, којшто се обновува директно преку интернет, без потреба сопственикот на возилото да посетува сервисна работилница.

Производителот наведува во прирачникот за своите автомобили дека системот за автономно возење мора постојано да биде надгледуван од страна на возачот и истиот да биде постојано во подготвеност да ја превземе контролата над возилото. Но, очигледно е дека повеќето сопственици на модел на Tesla не го почитуваат предупредувањето и целосно веруваат во способностите на техниката за автономно возење што ја вградува калифорнискиот производител на електрични автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

50-те најпродавани модели во Европа годинава

60 години на Peugeot 403 Cabriolet: Aвтомобилот на инспектор Колумбо