Автомобили во комуникациска мрежа долга 1300 километри

Компании од автомобилската и компјутерската бранша ќе ја тестираат новата техологија на комуникација меѓу автомобилите и патната инфраструктура на делница од Виена до Ротердам.

Колку е зрела техниката за комуникација меѓу возилата и патната инфраструктура? Како функционира приемот и пренесувањето на податоците? Теоретски се познати сите детали на идната технологија на комуникација во сообраќајот, но како е во реалноста? Претпријатија од компјутерската и автомобилската индустрија ќе ги дадат одговорите на сите овие прашања на големиот тест проект што стартува официјално за една седмица.

Тестирањето ќе се одвива на повеќе делници од автопатишта, почнувајќи од Виена во Австрија, преку Франкфурт на Мајна, до Ротердам во Холандија. На оваа релација во следните седмици и месеци ќе се поставува коридорот ИТС (Интелигентен транспортен систем) со цел да се демонстрираат секојдневната применливост и практичните придобивки од интелигентните сообраќајни системи со возила што се поврзани во комуникациска мрежа.

Холандскиот производител на чипови NXP, заедно со партнерите Siemens, Honda и Cohda Wireless ќе ги демонстрира можностите на комуникацијата на возило со возило (Car-to-Car) и возило со инфраструктура (Car-to-I). Автомобилите ќе комуницираат меѓусебно и со сообраќајната инфраструктура за однапред да утврдат дали на патот претстои некоја сообраќајна пречка, дали се изведуваат градежни работи или постои застој на патот, и тоа, долго време пред овие пречки да се најдат во видното поле на возачот. Возачите исто така ќе добиваат информации од интелигентните сообраќајни знаци и ќе можат да се ориентираат според фазата на вклучување на семафорите и соодветно да ја намалат брзината или да почнат да забавуваат. На тој начин треба да се постигне поголема безбедност во сообраќајот, како и поголема проодност на возилата.

Оваа иницијатива од политиката, индустријата и стопанството, во којашто се вклучени и министерствата за сообраќај од Австрија, Германија и Холандија, моментно работи на изградба на овој централноевропски коридор ИТС, со поставување многубројни уреди за тестирање. Опремувањето на коридирот ќе се комплетира до почетокот на 2015 година и со текот на времето ќе се обновува со усовршени уреди. Тест возењето ќе започне веќе на 11-ти ноември, со отворањето на саемот на електроника во Минхен.

Претходна објаваDucati Panigale со најсилниот двоцилиндарец на сите времиња
Следна објаваСпот за новиот Mondeo од режисерот на „Брзи и бесни“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here