Автомобилите повторно на диета: Електрониката стана претешка

Електронските системи значително ги подобрија безбедноста и комфорот во модерните автомобили. Но, тие се претешки, повеќе дури и од моторот. На автомобилите им следува уште една тешка диета.

Карбонот и алуминиумот станаа непроценливо добро за производителите на автомобили. Со овие материјали се намали тежината на новите генерации на возила, а со тоа и потрошувачката на гориво. На крајот, се намали и емисијата на СО2, што на производителите им овозможи да ги задоволат строгите норми за издувни гасови на ЕУ.

Сите марки се подложија на новата диета, со примена на лесни материјали. Но, на автоиндустријата ѝ претстои следната диета, намалувањето на тежината на електрониката. Модерните осумцилиндарски мотори тежат околу 130 килограми. Во споредба со тоа, електрониката спаѓа во екстра тешка категорија. Во автомобилите денес се вградуваат околу 100 електронски контролни единици. Ако на нивната тежина се додадат и сите кабли во возилото, лесно се доаѓа до тежина од 250 килограми. Само каблите тежат меѓу 50 и 60 килограми.

Прво ќе се смалува тежината на хардверот, односно производителите ќе се соочат со предизвикот на смалување на бројот на електронски контролни единици. Преостанатиот хардвер ќе извршува повеќе функции истовремено, на пример ќе опфати неколку различни системи за асистенција. Со смалувањето на бројот на компоненти ќе се смалат и кабелските врски, односно ќе се поедностави архитектурата на електронската мрежа во возилата.

Решение во процесори со повеќе јадра

Тоа што е стандард во денешните лаптопи и паметни телефони, во иднина ќе се применува и во автомобилите. Електронските контролни единици ќе можат да извршуваат повеќе функции истовремено со помош на т.н. повеќејадрени процесори. Овие „мултијадрени“ процесори ќе ја зголемат ефикасноста на контролните единици, како и на електронските системи во автомобилите.

Техничарите очекуваат да смалат 50 проценти од тежината на електрониката, вклучувајќи и смалување на самите кабли. Бакарот е идеален за проводници на електрична струја, поради добрата спроводливост и флексибилноста. Но, бакарот е скап и тежок. Исто како во каросеријата, инженерите пронајдоа алтернатива за изработка на каблите во алуминиумот. Проблемот е во тоа што алумниумските кабли не ја пренесуваат струјата толку добро како бакарот. Низ нив „протекува“ само половина од струјата, но тие тежат трипати помалку во споредба со класичните бакарни кабли.

Претходна објаваPSA Peugeot Citroen се откажува од германскиот пазар?
Следна објаваBMW води во продажбата пред Audi и Mercedes

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here