за

Австриски весник тврди: Историскиот Porsche е фалсификат

Прво се пишуваше дека автомобилот конструиран од легендарниот Порше е пронајден во штала, иако тој до пред четири години се наоѓал во музејски подрум во Виена, за сега конечно да се потврди дека се работи за фалсификат.

По забуната дека првиот автомобил конструиран од Фердинанд Порше е пронајден во некоја зафрлена шупа, сензационалната приказна на крајот сепак ќе прерасне во скандал. Австриски весник поседува изјави и фотографии од овластен проценител, според кои што се покажува дека ознаката P1 на повеќе делови од возилото е додадена дури по август 2009 година. Оттаму е очигледно е дека покојниот Фердинанд Порше сигурно не ги направил овие ознаки.

S14_0023

Според „Кроне“, нема сомнежи дека возилото е вистинско и дека Фердинанд Порше учествувал во неговото конструирање, единствено е нејасно од каде потекнуваат втиснатите ознаки P1. На објавените фотографии јасно се воочува дека се работи за предното десно тркало на возилото, но на едната од нив, која што пред неколку денови ја објави службата за печат на Porsche, во средиштето на навртката е втиснато P1, додека на другата фотографија, која што потекнува од проценката што Техничкиот музеј во Виена ја нарачал во 2009 година, ознаката недостига.

S14_0020

Логичен заклучок е дека ознаката е втисната во последните четири години, односно во периодот откако музејот го заменил возилото и истото повеќе не се наоѓа во него. Директорката на музејот Габриеле Зуна-Кратки раскажува дека извесниот „Egger-Lohner Phaeton C.2“ бил како „леш во депото“ и поради тоа бил заменет со поинтересен експонат. Идентичен примерок од возилото и натаму се наоѓа во депото на музејот. Олдтајмерот што сега се води како „Р1“ во 2009 година бил продаден на извесен трговец, односно колекционер на олдтајмери, кој потоа му го продал возилото на Porsche.

Олдтајмерот „Egger-Lohner“ стана интересен дури откако во неговите делови беше втисната ознаката P1, со што се стекнува впечаток дека станува збор за првиот воопшто модел на Porsche, а тоа секако е голема сензација.

Директорката на музејот објаснува: „Фердинанд Порше наводно втиснувал „Р“ на сите негови конструкции. Во Техничкиот музеј во Виена се наоѓаат и постари конструкции на Фердинанд Порше, на кои што не ја пронајдовме оваа ознака. Експертите коментираат и за навртката, којашто не е посебен конструктивен дел што вообичаено се означува, туку се работи за стандардизиран производ што се нуди во слободна трговија.

Не е познато колку пари му исплатил Porsche на претходниот сопственик на возилото.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Таен план на ЕУ: Полицијата ќе ги запира возилата преку далечинско?

Seat Leon е автомобил на годината во Каталонија