Грејт Вол Ора 5 безбедна како Мерцедес на тестот на Еуро НКАП

Во најновата серија краш-тестови на Еуро НКАП, веројатно најголемото изненадување го донесува Ора 5 на кинески Грејт Вол Мотор со заштита на патниците при судир исто колку Мерцедес-Бенц ГЛЕ.

Во четирите главни категории во коишто конзорциумот Еуро НКАП ја оценува безбедноста на автомобилите, новата Ора 5 на кај нас добро познатиот кинески производител Грејт Вол Мотор, не само што не заостанува зад имиња како Мерцедес-Бенц или БМВ, туку како СУВ од компакт класата постигнува ниво на безбедност споредлива со големите СУВ-модели на германските премиум марки, со ГЛЕ и Икс 5.

Во поглед на делотворноста и системите за асистенција, коишто имаат за цел да ја зголемат безбедноста во возењето, Грејт Вол Ора 5 со 70% од максималниот број бодови што може да се постигне во оваа категорија, следи веднаш по Мерцедес-Бенц ГЛЕ со 74% и БМВ Икс 5 со 71 проценти.

Во подрачјето во коешто е важна цврстината на каросеријата и правилното водење на енергијата на судирот преку деформирање на каросеријата, со цел напрегањето на телата на патниците да се сведе на најниска можна мерка, Ора 5 е дури и подобра од ГЛЕ или Икс 5. Додека таа освои 91% од максиумумот што го имаат поставено експертите на Еуро НКАП, германските големи СУВ освоиле 90 и 87 проценти соодветно.

Техничарите на конзорциумот што го сочинуваат експерти од агенциите за безбедност во сообраќајот од повеќето европски држави, од авто клубови, осигурителни куќи и организации на потрошувачи, немаа забелешки ниту околу пристапот за спасувачките екипи до патниците во возилото што учестувало во судир.

Во извештајот од краш-тестот, конзорциумот заклучува дека електричната Ора 5 (се нуди и во изведба со бензински и приклучен хибриден погон) се издвојува со „силната заштита при судир во незаштитени ученици во сообраќајот – постигнувајќи максимални бодови за заштита на карлицата и нозете на пешаците.“ Во компактниот СУВ се вградува и систем што предупредува кога дете ќе се остави без надзор во возилото, како и воздушна перница меѓу предните седишта. Податоците од тестот важат и за изведбите на Ора 5 со бензински и со приклучен хибриден погон.

Останатите забелешки за време на тестот од страна на Еуро НКАП

„Камерите за сообраќајни знаци се мошне делотворни. На тестот од 2.000 километри низ Франција, Германија и Луксембург, системот правилно го отчита брзинското ограничување во 64% од случаите, што претставува 82 проценти од изминатиот пат.“

Грејт Вол Ора 5 Хибрид на тест-возење во Аутомедиа

Видеото од сите одделни тестирања на Еуро НКАП

Претходна објаваБританската автомобилска индустрија на расчекор меѓу ЕУ и инвестициите на Кина