Противниците на спогодбата меѓу Франција и Ферманија бараат префрлувањето на електрични возила да се одвива побрзо и да се запрат кинеските производители, коишто нагло ја зголемија продажбата во Европа.
Кинеските производители на автомобили, како Би Уај Ди, МГ Мотор и Чери, освоија 14,5 проценти од вкупната продажба на автомобили во Европа во октомври.
Германија, којашто е дом на најголемите производители на автомобили на континентот, предводени од Фолксваген, се здружи со Франција, за да го засилат притисокот за понатамошно слабеење на клучната цел на ЕУ, да се постигне климатска неутралност од автомобилите. Двете членки на Унијата исто така зазедоа заеднички став околу плановите на ЕУ да се заштити домашната индустрија, додека се засилува конкуренцијата од странските земји.
Оваа спогодба сепак наиде на противење на останатите држави членки, коишто бараат од Ирска, како земја претседавач во време додека се преговара околу законите, да понуди алтернатива со којашто ќе се спречи понатамошно одложување на ограничувањата за производителите на автомобили.
Со предлогот на Ирска, целта за намалување на вкупната емисија од автомобилите ќе се постави на 90 проценти до 2035 година. Производителите на автомобили ќе надоместат за преостанатите 10 проценти преку алтернативни горива, челик произведен со ниска емисија и алуминиум произведен со одржлива енергија. Франко-германскиот пакт го отврла предлогот за компензирање на 10-те проценти.
Планот на земјата претседавач е на производителите да им се овозможи дополнителна флексибилност околу ограничувањата на емисијата за 2030 година за патнички автомобили и за 2025 година за доставни возила. Со тој план би се изнашло решение на половина пат меѓу ланскиот предлог на Европската Комисија и франко-германската спогодба. Околу сите три планови уште се водат дискусии.
„Ирското претседавање е обврзано да постигне договор околу стандардите за ЦО2 за автомобили и доставни возила,“ изјави претставник на 6-ти ноември. „Тоа е комплексен предлог и ние соработуваме со државите членки во насока на постигнување компромисен договор.“
Спогодбата меѓу Франција и Германија има за цел да ги ослободи од притисокот Фолксваген, Стелантис и Рено, како и нивните главни добавувачи, од рангот на Валео. Индустријата скусува расботни места и затвора фабрики, додека се бори да одржува чекор со конкуренцијата од Би Уај Ди и МГ.
Неизвесноста околу натамошните отстапки од трката во насока на електромобилноста предизвика загриженост дека ЕУ ќе продолжи да ја губи трката со Кина. Во интервју за Блумберг Њуз во минатиот месец, комесарот за клима на ЕУ, Вопке Хекстра, кажа дека поскапените горива и растот во продажбата на електрични возила, докажале оти најдобар начин за индустријата да се заштити е да се задржи досегашниот курс.
Онлајн-каталог со податоци и цени за сите нови автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК
Следниот чекор во долготрајното натегање околу точната слика по завршувањето на ерата на моторите со внатрешно согорување претстои на 11-ти ноември, кога амбасадорите што ги застапуваат националните влади во ЕУ ќе разговаараат на темата. На државите членки им е важно да постигнат заеднички став во понатамошните преговори со Европскиот Парламент, околу конечната форма на правилникот.
Гласањето во Парламентот е предвидено пред завршетокот на годинава.

















