Тесла го гасне производството на Сајбертрак

Тесла планира да го скуси производството на Сајбертрак во својата гигафабрика во Тексас во средината на следната година, изјави извршниот директор Илон Маск.

Тесла Сајбертрек не успеа да привлече повеќе купувачи ниту по три години од лансирањето.

Возилото на Тесла што беше замислено како футуристички соперник за пикапите од традиционалните производители, не успеа да постигне позабележлив успех на пазарот.

Во објава на својата мрежа Икс, Маск кажа дека скусувањето на продукцијата на пикапот ќе оди во корист на зголеменото производство на неодамна лансираниот Сајберкеб, што е суштински дел од амбицијата на Тесла за роботски такси возила.

Во својот одговор кон корисник на Икс, Маск оцени дека Сајбертрак е „најдоброто возило што Тесла го има произведено досега“ и дека смалувањето на продукцијата е „крајот на една ера“.

Маск кажа дека го гледа Сајберкеб како главен автономен модел на Тесла во големата мрежа од возила што управуваат самостојно. Неговата намера е производителот на електрични возила да го трансформира во компанија за роботика и автономно возење.

Тесла во почетокот на годинава го стартуваше производството на роботското ракси Сајберкеб во својата фабрика во Тексас.

Сајберкеб претставува важна алка во планот на Тесла да прерасне од производител на електрични автомобили во лидер во вештачката интелигенција.

Сајберкеб има крилести врати што се отвораат нагоре и нема волан, педали и ретровизори. Тоа е најголемиот влог на Илон Маск во неговата намера да ја претвори Тесла во компанија за вештачка интелигенција и роботика.

При лансирањето на Сајбертрак во 2023 година, Маск го промовираше возилото како футуристички конкурент на пикапите од Џенерал Моторс и Форд. Но, возилото ниту оддалеку не ги достигна тие очекувања.

Необичниот дизајн на Сајбертрак, што е изработен од нерѓосувачки челик, со остри рабови и со изглед што предизвикува крајно спротивставени ставови, беше главна пречка за пикапот на пазари како европскиот, каде што електричните возила уживаат поголема популарност.

Покрај тоа, законите во Европа не дозволуваат да се пушти во сообраќај возило што има толку остри рабови и претставува опасност за пешаци и велосипедисти.

Сопственците на Сајбертрак повеќепати беа повикувани во сервисна работилница поради пропусти во конструкцијата и во изработката. Тесла повеќепати ги менуваше цените.

Компанијата нема објавено конкретни податоци за продажбата на Сајбетрак. Според платформата Кели Блу Бук, во САД во минатата година биле продадени 20.237 примероци, со пад од 48 проценти во споредба со 38.965 возила во 2024 година. Кога го пушташе во производство во 2023 година, Маск најави дека годишно ќе се произведуваат по 250.000 примероци од Сајбертрак.

Онлајн-каталог со податоци и цени за сите нови автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Мала е веројатноста дека Сајберкеб ќе го пополни испразнетнетиот капацитет откако ќе се смали продукцијата на Сајбетрак. Пазарот за роботското такси со две седишта е многу мал и производството започна во стартот на годинава. Тесла објави капацитет за производство на преку 125.000 возила годишно.

Околу 570 од вкупно 1.200 роботски такси на Тесла што се пуштени во Тексас се Сајберкеб, додека останатите се главно примероци од Модел Уај.

Маск олекува Сајберкеб да биде главен модел на Тесла што ќе се испорачува за идната мрежа од роботски такси возила ширум светот.

Претходна објаваМерцедес-Бенц ги има најпродаваните модели во 4 класи на германскиот пазар