Брисел бара автомобилите да бидат „Мејд ин Јуроп“, Британците загрижени

Премиерот на Велика Британија цени дека исклучувањето на неговата земја со новите закони на ЕУ ќе ѝ наштети на британската автомобилска индустрија.

Автомобили се подготвуваат за качување на брод на пристаништето во Бристол

Британскиот премиер Енди Барнам ќе се залага за Британија да биде ценета како „партнер од доверба“ во рамките на законите за „Произведено во Европа“ што ги предлага Европската Унија.

Европската Комисија во март го објави Актот за забрзување на индустријата, којшто е дел од пошироките напори на ЕУ за потпомагање на домашното производство и заштита од производителите од странство, за коишто не важат строги закони како во Европа и коишто имаат пониски трошоци за енергија.

Целта е првенствено да се смали зависноста од Кина, којашто владее со производството на бројни зелени технологии, вклучувајќи ги повеќето делови за соларни панели.

Законодавството на ЕУ има за цел да ја искористи огромната финансиска моќ во јавните набавки на своите членки – што надминува 2 билиони, односно претставува 14 проценти од бруто домашниот производ на ЕУ – ио на тој начин да му се помогне на загрозеното домашно производство.

Што ќе се постигне со законот?

Со предлогот се поставуваат барања, производите што се обезбедени по пат на јавни набавки, јавни наддавања или програми за субвенционирање, да бидат од локално производство и со низок отпечаток на ЦО2.

Со тоа се покриваат клучни подрачја, како челикот, алуминиумот и цементот, електричните возила, батериите, соларната и ветерната енергија, водородната технологија и нуклеарната енергија.

Законот поставува одредени барања за секоја технологија, зависно од тоа дали треба да ѝ се помогне на индустријата што веќе работи – како електролиза на водород, пазар со којшто во моментов владеат производителите од ЕУ – или треба мал дел од индустријата со којашто владее Кина, да се врати во Европа.

Соларни панели, инвертери и ќелии мора да потекнуваат од европско производство што постои најмалку три години.

За алуминиумот што ќе се купува преку јавни набавки, мора најмалку 25 проценти од составот да потекнува од ЕУ и да биде произведен со ниска емисија на ЦО2. За челикот не се поставуваат барања за локално потекло, но 25 проценти од енергијата мора да биде со ниска емисија на ЦО2.

Производителите на електрични возила што се купени по пат на јавни набавки, мора да потврдат дека нивните возила се произведуваат во ЕУ и дека 70 проценти од деловите во нив, со исклучок на батеријата, исто така се произведени во Европа, по шест месеци откако ќе стапи на сила законот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Што значи „произведено во ЕУ“?

Клучната пресвртница е во одредувањето на значењето на „Произведено во ЕУ.“

Со предлогот, стоката од 27 држави членки на ЕУ, вклучувајќи ги Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, коишто се дел од единствениот пазар, автоматски ги исполнуваат условите.

Некои земји што не се членки, исто така може да бидат вклучени, доколку обезбедат рамноправен пристап до нивните јавни набавки или програми за субвенционирање. Погодноста главно ќе ги опфати земјите што се потписнички на спогодбата на СТО за слободна трговија со Унијата.

Тоа може да им претставува проблем на земји што се блиски сојузнички, како Канада, каде што политиката за „купувај канадско“ им дава предимство на домашните наспроти странските фирми.

Комисијата допрво треба да објави список на земји што ги исполнуваат условите. Здружението на британски производители на автомобили СММТ, посочи дека исклучувањето на Британија ќе ги загрози заедничките инвестиции и трговската размена што вреди 80 милијарди евра.

Предлогот ги иззема производите што не се достапни во Европа или случаите кога смената на добавувачот би повлекла значително зголемување на трошоците.

Правила за странски инвеститори

Со законот се одредуваат и услови за странските вложувања што надминуваат 100 милиони евра во стратешки сектори, во коишто земјата од којашто потекнува инвеститорот треба да псоедува најмалку 40 проценти од светскиот производствен капацитет. Овој услов главно се однесува на Кина.

Критериумите вклучуваат барања за странскиот инвеститор да не може да поседува мнозински удел во акциите на компанијата во ЕУ, да вработува претежно европски работници и да ја лиценцира својата интелектуална сопственост во корист на инвестицијатаво ЕУ.

Што е следно?

Владите во ЕУ и Европскиот Парламент мора да се сложат со конечниот текст, а одобрението се очекува в година.

Франција бара построги ограничувања за земјите што не се во ЕУ, додека Шведска и Чешка се противат на донесувањето построги закони, предупредувајќи дека со нив ќе се одвратат инвестициите и ќе дојде до поскапување.

Германија исто така бара претпазливост, откако канцеларот Фридрих Мерц претходно изјави дека законите за европско потекло треба да бидат „краен чекор.“

Индустријата исто така притиска. Некои сектори што се изземени, како производителите на челик, бараат правила „Мејд ин ЕУ“ за нивните сектори.

Производителите на автомобили стравуваат дека нивните широки вериги за снабдување од сите страни на светот ќе претпат штета.

Претходна објаваИстражување во Германија: 97% од возачите задоволни од своите електрични возила
Следна објаваНио се повлекува од германскиот автомобилски пазар?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here