Сенаторката на Мичиген, Елиса Слоткин, под чија надлежност се наоѓаат главните фабрики на трите големи производители на автомобили во САД, заедно со широка коалиција од групи што ги претставуваат производителите на автомобили, стравуваат дека Трамп ќе дозволи петтиот најголем производител на автомобили во светот да продава во земјата, со тоа што ќе се обврзе да гради фабрика што ќе отвори нови работни места.
Тоа ќе му овозоможи на кинескиот производител на автомобили да постави темели на вториот најголем пазар во светот, што ќе ги загрози производителите во Северна Америка, нивните добавувачи и дилерите, предупреди сенаторката во видеото што на 22-ри септември го објави на друштвените мрежи.
„Тоа буквално е обид на кинеските компании да стават нога на вратата на пазарот во САД“ (да спречат вратата да им се затвори н.з.). Тоа е само првиот чекор,“ порачува Слоткин. „Тоа што тие навистина го сакаат е да им се овозможи да ги носат своите автомобили од Кина, монтирани во Кина, и да ги продаваат во Соединетите Држави.“
Неизвесно е дали основачот на БИД, Ванг Чуанфу, ќе ѝ се придружи на делегацијата на Си, кога таа ќе пристигне во Вашингтон на 23-ти септември.
Белата Куќа соопшти дека Трамп ќе го пречека Си во воената база Џоинт Бејз Ендрјуз на 23-ти септември, пред да започнат свеченостите, средбите и државничката вечера во Белата Куќа на 24-ти септември.
Блумберг објави на 16-ти септември дека кинеските претставници разгледувале можност за БИД да биде вклучен во идната деловна делегација, но напоменаа дека списокот уште не е конечен. Вол Стрит Журнал објави на 22-ти септември дека кинеските извршни директори веројатно нема да учествуваат во делегацијата на Си.
Слоткин предупреди дека гласините укажуваат оти администрацијата на Трамп е отворена за договор за изградба на нова фабрика на Кинезите во САД, за тие да добијат пристап на пазарот од 16 милиони автомобили годишно.
Коалиција од трговски здруженија од автомобилската индустрија, којашто ги претставува производителите, добавувачите и овластените дилери, потпиша заедничко писмо на 17-ти септември, пред посетата на Си, во коешто ја повикува администрацијата на Трамп за „цврсто да им ја затвори вратата на кинеските производители на автомобили што сакаат да продаваат, увезуваат или да произведуваат возила во САД“.
Во писмото на две страници се повикува администрацијата да извлече поука од останатите земји што дозволија увоз од Кина и покрај царините. Се наведува и загриженост во поглед на националната безбедност и можното уништување на работните места во САД.
„Кинеските компании располагаат со верига на добавувачи што потекнуваат исклучиво од Кина; тие не купуваат делови од компании од САД,“ кажа таа, додавајќи дека „сите податоци од овие автомобили пак ќе се испраќаат кон Пекинг. Тоа нема да биде забрането тука во Соединетите Држави.“
Хозе Муњоз, извршен директор на Хјундаи, изјави дека лидерите во САД „треба само да погледнат што се случи на останатите континенти, како Европа,“ каде што кинеските марки растат брзо, додека постоечките производители на автомобили се повлекуваат – и укинуваат работни места.
Муњоз напоменува и дека влегувањето на кинеските марки во САД може да ги истисне традиционалните производители на авотмобили, како што тоа се случи во Обединетото Кралство, без доволно трговски пречки и обврски за локално производство.
Трамп ќе дозволи Кина да продава автомобили во САД, но само ако се произведени локално
Флавио Волпе, претседател на здружението на производители на автомобилски делови, го критикуваше пристапот на Трамп.
„Трамп ја укина помошта за купување и поддршката за производство на електрични возила и ги оштети автомобилските производители со милијарди што тие ги вложија,“ посочува Волпе. „Тој потоа го оптовари Детроит со десетици милијарди долари за царини, без каква било видлива корист. Тоа што тој и натаму флертува со кинеските производители, и покрај гласното противење од сите можни погодени страни, поставува суштинско прашање. Што прави тој воопшто? Тој ќе го потопи Детроит.“
















