Мерцедес-Бенц избран за премиум автомобил на 2027 година од германските новинари

Новиот Мерцедес-Бенц ГЛЦ со електричен погон е одликуван за Германски Премиум Автомобил на 2027 година од германските автомобилски новинари и инфлуенсери.

Стефани Салевин, главна инженерка за елеткрични возила, ја презеде наградата на свеченоста во музејот за автомобил во Дицхолцтал-Еверсбах

Најпродаваната моделска серија на Мерцедес-Бенц, СУВ-моделот од средната класа ГЛЦ, ги убеди стручните новинари и познавачите и во својата нова генерација со целосно електричен погон.

Електричниот Мерцедес-Бенц ГЛЦ е одликуван како Германски Премиум Автомобил на 2027 година. Угледното жири на изборот им ја врачи наградата на менаџерите на марката на свеченоста што се одржа во германскиот музеј за автомобили Ло Колекшн. Жирито посебно ги цени севкупниот концепт на возилото и хармоничното и удобно возење.

Одликувањето доаѓа за моделската серија на Мерцедес-Бенц што веќе со години ги натпродава останатите модели на Штутгарт во светски размери. При развојот на новиот модел, посебно се внимавало да се задржат квалитетите поради коишто купувачите толку многу го ценат ГЛЦ, на коишто сега е додаден електричниот погон.

Дизајнот на електричниот ГЛЦ се разликува од истоимената моделска серија што и натаму ќе се нуди со бензински, дизел и хибриден погон.

Според Штутгарт, моделот се одликува со „висок комфор на долг пат, исклучителна применливост во секојдневието и лесно ракување“, соединувајќи „премиум карактер со вистинска практичност.“ Тоа што исто така го одликува новиот ГЛЦ се просторноста и високиот комфор, како и лесното секојдневие со електричниот погон.

Во новиот пристап на Мерцедес-Бенц во развојот на своите модели посебно се нагласува вниманието да се обезбеди чувството на „Добредојде дома“, што постепено прерасна во мото на марката. Намерата е секоја возачка и секој возач, по седнувањето во нов Мерцедес-Бенц, веднаш да се чувствуваат како да се во позната и успокојувачка средина.

На тоа се надградуваат напредни системи за асистенција и лесно ракување со дигитализираните услуги.

Директорот за продажба на Мерцедес-Бенц во Германија, Давид Пердомо Холац, опишува дека во марката под премиум се подразбира „воиграност на комфор, безбедност, практичност и пријатниот впечаток уште од прв момент дека се чувствувате како дома.“

Управувана задна оска, пневматска амортизација во ГЛЦ

Меѓу посебностите на новиот Мерцедес-Бенц ГЛЦ спаѓаат пневматската амортизација Ерматик што се нуди со доплата, како и управуваната задна оска, што се грижи и за подвижност во град, и за возна динамика во свијоци. Напред се наоѓа втор багажник со зафатнина од 128 литри. Со електричниот СУВ може да се влече приколка тешка до 2,4 тони.

Со доплата за МБУКС Хајперскрин се добива најдолгиот екран што Мерцедес-Бенц го вградува, со пречник од 99,3 сантиметри. За дигиталниот свет се грижи сопствен оперативен систем МБ.ОС.

Претходна објаваНисан го заменува Џук со хибриден Кикс, се бори против Кинезите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here