Ривиан седнале 150.000 возачи на пробно возење и тоа им е најдобрата реклама

Ривиан Аутомотив ја туркаат продажбата на својот нов кросовер Р2 со тоа што ќе седнат рекорден број возачи на пробно возење зад воланот на електричниот автомобил.

Ривиан го пушти кросоверот Р2 во продажба во јуни и се потпира на пробни возења место на скапи кампањи, за да ја поттикне продажбата.

Место да трошат на скапи кампањи, Ривиан се потпираат на пробни возења и на пренесен глас за својот прв модел што е наменет за поширокиот пазар.

Марката од САД што продава директно, постојано ја проширува својата продажна и сервисна мрежа, што сега опфаќа 140 локации, за да ѝ парира на конкуиренцијата и на нејзините дилерски мрежи. До завршетокот на идната година, ќе се додадат уште 40 салони.

Освен во САД, Ривиан продаваат и во Канада, со пет центри досега.

Ривиан до завршетокот на август оствари 150.000 пробни возења во Северна Америка за своите три модели. Лани, за цела година беа 118.000 возила. Интересот се засили откако во јули почна продажбата на Р2.

Производителот на електрични автомобили и конкурент на Тесла, не соопштува колку од пробните возења завршуваат со купување, но директорите велат дека тоа е над очекувањата.

Ривиан и останатите производители на ЕВ се соочуваат со тешкотии, откако Трамп го укина даночното ослободување во висина од 7.500 долари и уште бројни погодности.

Во првото полугодие Ривиан продале 19.123 возила, што е пад од 13 проценти. Тоа ги вклучува и доставните возила, што Ривиан ги произведува за Амазон. Во земјата биле регистрирани вкупно 492.651 нови ЕВ, односно продажбата опаднала за 21 проценти.

Ривиан очекува да расте продажбата

Ривиан сепак очекува зголемување на продажбата во второто полугодие, поради новиот Р2. За годинава се предвидува продажбата да достигне 70.000 возила, наспроти 42.247 лани.

За да ја постигне целта, Ривиан им олесни на купувачите да се пријават за пробно возење преку вебсајт или лично.

Како производител на автомобили за возење на терен, Ривиан ги охрабрува заинтересираните купувачи да ги понесат децата, домашните миленици, да постават детски седишта, за да се уверат дека сé одговара. Притоа не се врши каков било притисок за да се купи возило.

За да привлече повеќе луѓе во салоните, Ривиан се потпира на пренесен глас и на препораки од постоечки корисници. Секако дека посебно влијание имаат и тестовите во угледните медиуми.

Конзумер Рипортс во декември објавија дека Ривиан е марка што има најзадоволни клиенти, со 85 проценти што повторно би купиле од оваа марка.

Р2 го проширува кругот на купувачи

Тие оцени произлегуваат од двата први модели на Ривиан, од пикапот Р1Т и од кросоверот Р1С, коишто чинат најмалку 80.000 долари. За споредба, новиот Р2 чини 46.485 долари во основната изведба, но таа ќе биде достапна дури в година.

Во моментов се нуди само специјаната серија од Р2 што чини малку под 60.000 долари.

Ривиан очекува дека Р2 ќе донесе профитабилност, откако во изминатите пет години од лансирањето на двоецот Р1, компанијата секоја година губеше милијарди долари.

Тојота Ц-ХР+ · Тест · Тојота задоцнила со електричните автомобили?

Претходна објаваФолксваген ќе потроши 16 милијарди евра на скусување работни места и затворање фабрики
Следна објаваВолво ќе ги продава возилата на Линк енд КО од следната година