
Околу 10 милијарди евра од таа сума отпаѓаат на oтпремнина и надомести за 60.000 работници што ќе останат без работното место, додека останатите 6 милијарди евра отпаѓаат на четирите фабрики во Германија на коишто им е неизвесна иднината.
Престанокот со работа во фабриките Емден и Цвикау ќе чини по 1 милијарда евра, додека за Некарсулм и Хановер се проценува губиток од 2 милијарди евра по фабрика.
Најголемиот производител на автомобили во Европа, се најде пред најголемото реструктурирање во својоата историја, за да може да се избори против конкуренцијата од Кина, притисокот од царините во САД и капацитетите што не се искористуваат целосно.
Планот предвидува наоѓање алтернативно решение за четирите фабрики во Германија, каде што во следната деценија ќе престане производството на тековните модели, како и укинување на 50.000 работни места повеќе отколку што се предвидуваше првично.
Веста прв ја објави германскиот магазин Дер Шпигел.















