Потегот на концернот Фолксваген со преоѓањето на развој на електрични модели со достапна цена вродува плод. Новото ИД Поло е распродадено со месеци, уште пред да се појави во продажните салони, а побарувачката за сестринските модели од Шкода и Купра исто така ги надминува очекувањата.
Откако Фолксваген во април ги отвори книгите со нарачки за градскиот модел со електричен погон ИД Поло, досега се пристигнати преку 30.000 нарачки, соопшти компанијата. Тоа е значително над очекувањата, посебно на германскиот пазар.
Силната побарувачка е недвојбен и ран доказ дека делува стратегијата на концернот Фолксваген, за проширување на својата понуда од електрични автомобили со нови модели со подостапни цени, во време кога европските купувачи се под притисок од забавениот економски раст и од зголемените цени на возилата.
ИД Поло се појави во салоните во Германија на 5-ти септември, но тие што сега ќе го нарачаат моделот, ќе мора да чекаат најмалку 10 месеци за нивното возило да биде испорачано, кажува голем дилер на Фау Ве во Германија. „Целата гама на ИД Поло е распродадена,“ изјави дилерот, кој побара анонимност.
Цената на основниот модел на ИД Поло во Германија изнесува 24.995 евра, што е околу 5.000 евра повеќе од традиционалниот Поло со бензински мотор. Со тоа, моделот опфаќа многу поширок круг на купувачи во споредба со досегашните електрични модели на Фолксваген, коишто се поголеми и поскапи, од типот на ИД 4, ИД 5 и ИД 7.

Дилерите јавуваат и за силна побарувачка за СУВ-моделот ИД Крос, којшто ќе се појави во салоните во ноември. Освежената генерација на досега најдостапниот ЕВ-модел на Фолксваген, ИД 3, исто така бележи зголемен број на нарачки и соодветно подолг рок на испорака.
Голем интерес за Шкода Епик и Купра Равал
Сличен интерес има и за сестринскиот модел Шкода Епик. Од почетокот на нарачките во јули, досега се нарачани преку 35.000 возила, иако моделот ќе се појави првпат кај дилерите дури кон завршетокот на септември.
„Епик наидува на мошне силна побарувачка меѓу клиентите. Очигледно е дека погодивме во нервот“, кажува претставник на Шкода.
Изведбите на Епик со поголема батерија се доистапни за нарачка од мај, со цени од 32.100 евранагоре. Основната изведба со цена од 25.900 евра уште не е достапна за нарачки.
Голем интерес предизвика и Купра Равал, што се нуди од мај.

Равал и Епик се распродадени за следните неколку месеци, открива друг голем дилер на Фау Ве. „Пазарот ги чекаше овие автомобили“, кажува тој. Клиентите што ќе направат нарачка сега, ќе седнат во своите возила дури кон завшетокот на мај или во јуни 2027 година.
„Купувачите преоѓаат на електрични возила што можат да си ги дозволат,“ кажа дилерот, посочувајќи на сложените економски услови во Германија.
ИД Поло, ИД Крос, Епик и Равал се конструирани врз платформата МЕБ+ на концернот. Тие се дел од т.н. семејство градски електрични автомобили.
















