
Втората генерација на Спринг, на малечкиот електричен модел на Дачиа, развиена е за 16 месеци со помош на инженерите од Кина. Таа е прв од 4-те електрични модели што буџет марката на Рено ќе ги пушти во продажба до 2030 година.
Нарачките за Спринг на францускиот пазар започнаа уште на 8-ми септември, со ценовник што стартува од 17.900 евра. Електричната Дачиа е сродничка на новиот Рено Твинго Е-Тек и се произведува во истата фабрика на групацијата Рено во словенско Ново Место. Се чека уште изведбата на Нисан.
Дачиа соопшти дека првите возила ќе бидат испорачани пред завршетокот на годинава или рано в година. Првото појавување пред голема публика ќе се случи на 12-ти октомври, на салонот на автомобили во Париз.
Спринг влегува во европскиот сегмент на мини автомобили, којшто заживеа со електричните модели од Рено и кинескиот Липмотор Т03. Сегментот беше во опаѓање во последните неколку години, откако Пежо, Ситроен и други производители се откажаа од него, наведувајќи ги како причина високите трошоци за овие возила да ги задоволат строгите барања за ниска емисија што ги поставува ЕУ.
Спринг е конструиран врз платформата РГЕВ Смол на групацијата Рено и поголем е од сегашниот модел што ја поседува техниката на Рено Квид, лансиран во Кина во 2018 година како електричен автомобил.
Постоечкиот Спринг се произведува во Кина и поради тоа подлежи на казнени царини од ЕУ, а не ги задоволува и условите за субвенција за електрични автомобили во Франција, којашто е најголем пазар на Дачиа.

Со монтажата во ЕУ и со своите димензии, Спринг ќе ги користи сите поволности од широкоградата програма за помош при купување електричен автомобил на француската влада.
Новиот Спринг е поголем и постигнува перформанси доволни за возење на автопат, за разлика од сегашниот модел. Дачиа доби орудие со коешто ќе се спротивстави на евтините кинески ЕВ, од типот на Липмотор Т03, коишто почнуваат да бидат сé поприсутни во Европа.
Батеријата од КАТЛ со хемија литиум-железо-фосфат (ЛФП) и капацитет од 27,5 кВч е увезена од Кина, додека електромотоирот од 82 КС е производ на Шангај Е-Драјв. Менаџерите на Дачиа кажаа дека ќе се смени логистиката, за Спринг да важи како автомобил што целосно е произведен во Европа.
Спринг има покласичен изглед во споредба со Твинго, што користи ретро стил
Досегот е 250 километри, што е незначително под 263-те километри на Рено Твинго. Липмотор Т03 има уште два километри подолг досег од тоа.
Дачиа очекува Спринг да биде втор или трет автомобил во кругот на семејството, со половина од купувачите што живеат во град, а половина во предградијата или во селата. Сопствениците на сегашниот Спринг во просек минуваат по 34 километри секој ден, со просечна брзина од 34 километри на час, покажуваат податоците со коишто располага Дачиа.
И покрај тоа што прозорците и целите страници на каросеријата се исти, изгледот на Спринг значително се разликува од Твинго, каде што е јасен ретро стилот на култниот модел од 1990-те. Место тоа, електричната Дачиа повеќе личи на Сандеро, најпродаван автомобил во Европа лани и во првите седум месеци од годинава.

Широк 1,74 метар и долг 3,85 метри, Спринг е 18 сантиметри поширок и 15 сантиметри подолг од сегашниот модел. Тој е во исто време и 6 сантиметри подолг од Твинго, со тоа има повеќе простор во багажникот.
„Дизајнот е едноставен, лесно разбирлив и лесно препознатлив, со мошне силни геометриски линии,“ кажува Хорхе Диаз, дизајнер за надворешност. Тој го опишува новиот Спринг како „чист и искрен“, без непотребна сложеност.
Спринг е подостапен од основната изведба на Рено Твинго за околу 2.000 евра. Основниот модел штеди со тоа што место средишен дисплеј остава можност за возачката или возачот да го приклучи сопствениот телефон и да го користи како „екран“ за ракување со функциите на инфо-забавата.
Со сопствениот полнач со моќност од 6,6 кВ се потребни 9 часови за батеријата да се напчолни од 15 до 80 проценти на обичен домашен приклучок. Со полнач со моќност од 7,4 кВ, постапката трае 2 часа и 55 минути.
Пакетот за брзо полнење нуди можност за 22-киловолтно полнење што трае 1 час и 55 минути, односно 5-киловолтно полнење со еднонасочна струја, за 28 минути. На Дачиата може да се приклучи и електричен тротинет, или друга опрема или потрошувач, за да се користи енергијата во батеријата.
Побогатото ниво чини 19.400 евра во Франција и доаѓа со средишен екран од 10 инчи, камера и онлајн услуги.
Електричниот погон го раздвижи сегментот
Новиот Спринг влегува во сегментот на мини автомобилите, што се врати во живот, благодарејќи на електричните модели, како Спринг, Т03, но и Ситроен е-Ц3, Фиат Гранде Панда Електрик и други. Бројни производители го напуштија сегментот во изминатите години, поради скапата техника што е неопходна за пречистување на издувните гасови од моторите со внатрешно согорување, како и од нормите за заштита од кибер-напади, поради што стана неисплатливо да се произведува модел што одвај носи заработка.

Во сегментот и покрај тоа продолжија да владеат модели со мотор со внатрешно согорување. Фиат Панда е прва со 81.638 возила, следи Тојота Ајго Крос со 66.649 возила, а потоа и Киа Пиканто, со 37.622 возила.
Липмотор Т03 е најпродаван ЕВ во сегментот, со 35.365 продажби, пред Инстер со 22.864 и постоечкиот Спринг, со 19.091 возила. Новото Твинго Е-Тек имаше силно деби и во јуни и јули веќе се продадени 14.000 возила.
Сегментот порасна 12 проценти во периодот од јануари до јули, а тоа е двојно подобро од просечниот раст на целиот пазар годинава. Но, продажбата на електричните модели порасна дури 75 проценти.














