Електрични камиони Мерцедес-Бенц возат за Амазон

Амазон пушта повеќе од 50 електрични камиони Мерцедес-Бенц еАкстрос 600 да развезуваат пратки по германските патишта. Тоа е дел од најголемата нарачка за електрични камион од Амазон досега, со којашто се договорени 200 возила.

Мерцедес-Бенц ги испорача првите од преку 50 електрични камиони еАктрос 600 за огранокот на Амазон во Германија.

Мерцедес-Бенц Тракс ги испорача првите 27 електрични Мерцедес-Бенц еАктроси 600 на Амазон. До завршетокот на годинава ќе бидат испорчани преку 50 возила од истиот тип, што ќе се користат во логистичката мреж на Амазон на германските патишта.

На свеченото примопредавање, компаниите нагласија колку се важни моќните електрични камиони за трансформацијата на патниот транспорт и за создавањето мрежа на одржлив транспорт во Германија.

Ахим Швикерт, министер за внатрешни работи, интеграција и сообраќај на сојузната покраина Рајнланд-Пфалц, изјави: „Електрификацијата во патниот транспорт се засилува во секојдневието. Тоа што електричните камиони произведени во Верт сега доаѓаат во поголем обем на германските патишта, покажува: Електричните камиони повеќе не се тема од иднината ниту во тешкиот транспорт на стока.“

Амазон и Мерцедес-Бенц Тракс во почетокот на 2025 година склучија договор за преку 200 електрични Мерцедес-Бенц еАкстрос 600. Тоа е досега најголемата нарачка за електрични камиони на Амазон. Во Обединетото Кралство, каде што ќе сообраќа најголемиот дел од овој возен парк, првите возила од нарачката беа испорачани кон завршетокот на 2025 година.

Мерцедес-Бенц еАктрос 600 се користи за средни растојанија, односно за транспорт на стока од еден до друг логистички центар и до градските средини. Со капацитет на батерија од 621 киловатчасови и штедлива погонска оска, еАктрос со едно полнење минува 500 километри.

На полначи со моќност од преку 1 мегават, камионите полнат до 80% од батеријата за околу еден час

Амазон досега вложи преку 4 милијарди евра во одржлива енергија

Како основа за функционирањето на возниот парк од електрични камиони, Амазон има поставено стотици станици со полначи во своите европски седишта. На тие полначи, возилата постигнуваат наполнетост од 80 проценти за малку подолго од еден час. Амазон има инестирано преку 1 милијарда евра во својот електричен транспорт во Европа, од коишто преку 400 милиони евра во Германија.

Мерцедес-Бенц почна со производство на еАктрос 600 кон завршетокот на 2024 година во фабриката во Верт. Камионот поседува три батериски пакети со по 207 киловатчасови. Се користи технологија литиум-железо-фосват (ЛФП), којашто се одликува со долготрајност. Со стандардна полупроколка, еАктрос 600 има носивост од 22 тони.

Електричниот Актрос е Светски камион за 2025 година, ценета награда што ја доделува жири од 24 стручни новинари од Европа.

Претходна објаваРено Твинго ја има историјата, но Дачиа Спринг ја има цената
Следна објаваФолксваген разгледува можност да го продаде Дукати