Фиат уште има сила за да забрзува во продажбата на пазарите низ Европа. Според првите службени податоци за ЕУ29, бројот на новорегистирани возила на најиталијанската од сите италијански марки пораснал за 21,7 проценти.
Соодветно порасна и пазарниот удел, на 3,3 проценти, што е за 0,4 процентен бод повеќе отколку во првите шест месеци во 2025 година.
Фиат со тоа постигнал највисок раст во продажбата меѓу носечките марки на Стелантис. Додека Италијанката си ја враќа моќта на европскиот пазар, Торино јавува и за одлични резултати на пазарите ширум светот, посебно во Бразил и во Алжир. Тоа се два пазари, заедно со италијанскиот, на коишто Фиат е најпродавана марка.
Италија нормално е најголем пазар, каде што домашната марка држи 12,6 проценти од пазарот до јуни, а тоа е за 1,2 процентен бод над резултатот од првото полугодие лани.
Добро врви и продажбата во Франција, каде што е напредувано за 35,8 проценти, но и во Германија, каде што пазарот исто така живнал за 24,6 проценти.
Добри вести доаѓаат и од Полска (+35,1%), Белгија и Луксембург (+15,9%), Обединетото Кралство (+16,7%) и Португалија (+11,6%). Врвното достигнување е во Австрија, каде што бројот на новорегистирани возила пораснал за 74,5 проценти и уделот на Фиат во алпската земја достигнал 2,5 проценти.
Освен Гранде Панда, за силниот раст се заслужни традициналните моделски серии, односно Пандина и 500, коишто водат во А-сегментот на европскиот пазар до јуни.
Паднина (порано Панда) е лидер во делот од пазарот што им припаѓа на малечките возила со мотор со внатрешно согорување. Се подразбира дека таа и натаму е прв модел во Италија.
Најавата за тестот на Фиат 600 Спорт
View this post on Instagram
Во меѓувреме, Фиат 500 се врати на врвот во сегментот на важниот пазар во Германија, што додава на општиот успех на марката.
Гранде Панда веќе го смени соодносот на силите во Б-сегментот. На италијанскиот пазар, таа веќе е трет најпродаван модел.
На Фиат му припаѓа и голем дел од пазарот на електрични четирицикли, со Тополино. Малечкото го имаше најдоброто тромесечје во историјата и напредуваше за 30% во споредба со лани. Тополино води во сегментот во Италија, Германија, Холандија, Австрија и Белгија.
Пари во Торино носи и огранокот за доставни возила Фиат Профешенал, со пазарен удел од 7,6 проценти во ЕУ29 и лидер во Италија со 24,8 проценти. Дукато е најпродавано доставно возило во Италија до јуни, Добло е трето, а двата се на врвот во своите сегменти.
Голем поттик се очекува од Гризли и Гризли Фастбек, нови големи Фиати со истата техника од Ситроен Ц5 Еркрос и Џип Компас. Тие ќе ја имаат својата голема премиера пред многу народ на салонот во Париз во октомври, а испораките ќе започнат по премиерата.
Фиат Гранде Панда била 4-ти најпродаван модел во Македонија во јуни
За македонскиот пазар не постојат службени податоци, иако со истите располага МВР, но не ги дава на располагање. Според непотврдени, но и неоспорени извори, Гранде Панда во јуни има 24 новорегистрирани возила на пазарот, односно вкупно 86 возила од почетокот на годината. Гранде Панда е 4-ти најпродаван модел во јуни. Неа ѝ претстои голема борба да ги достигне 138-те примероци од Цитроен Ц3 до јуни. Според истите извори, Тојота Корола е најпродаван модел во првите шест месеци, со 233 возила.
















