Земјотресот во Јапонија ги запре фабриките за автомобили

Тојота, Лексус, Мицубиши, Нисан, Хонда, сите трпат последици од земјотресот, откако добавувачите Аисин и Ренесас го запреа производството.

Фабрика на Нисан

Земјотресот во Јапонија што однесе десетици животи, ги стави во мирување фабриките на Тојота, Мицубиши, Нисан и Даихацу на 31-ви јули, поради штетите што ги претрпеа нивните главни добавувачи Аисин и Ренесас.

Хонда го запре производството на мотоцикли и агрегати во зоната што е погодена од земјотресот.

Прекините ќе се оддолжат до следната недела и компаниите ќе мора да сметаат на кусок од преку 10.000 непроизведени возила. Производителите на автомобили не наведоа датум, кога би продолжиле со работа.

Меѓу моделите што се погодени од штетата се пикапи и кросовери што се извезуваат во САД, како популарните Тојота 4Ранер, Инфинити Ку Икс 80, Лексус Н Икс и Нисан Роуг.

Тојота ја вклучи и фабриката во Тахара, од којашто излегуваат пикапи и модели на Лексус, на списокот на фабрики што се ставаат во мирување по земјотресот. Во фабриката во централна Јапонија, што е далеку од епицентарот, се изработуваат Лексус Г Икс, ЛС и ИС, како и луксузниот ван ЛМ. Оттаму излегуваат и Ланд Крузер 250 и 4Ранер, моделите Сенчри и мотори. Таа ќе мирува од 3-ти до 7-ми август.

Корпорацијата Тојота соопшти на 31-ви јули дека го продолжува и прекинот во трите фабрики на југозападниот остров Кјушу, каде што беше жариштето на земјотресот. Трите погодени фабрики се Мијата (Лексус), Кенда (мотори) и Кокура (хибриди).

Овие три фабрики ќе мируваат најмалку до втората смена на 5-ти август. Во Мијата се произведуваат лимузината ЕС и кросоверите У Икс, Р Икс и Н Икс. Околу 90 проценти од возилата се извезуваат.

Затворањето ќе го погоди и извозот за САД на Лексус Г Икс, Н Икс и Р Икс, исто како и на лимузината Лексус ИС. Моделите 4Ранер и Ленд Крузер исто така се увезуваат во САД од Јапонија.

Фабрики на Мицубиши ставени во мирување

Корпорацијата Мицубиши соопшти дека на 30-ти јули го запрела производството на некои модели во фабриката во Мицушима, во западна Јапонија, од којашто излегуваат микроавтомобили за марките Мицубиши и Нисан. Како причина се наведуваат штети кај добавувачите и задоцнето снабдување со делови. Точни датуми за повторно пуштање во работа не се наведуваат.

Даихацу исто така запре две фабрики, најмалку во ноќта на 31-ви јули.

Нисан Мотор има две фабрики за монтажа во подрачјето блиску до жариштето и соопшти на 31-ви јули дека исто така ја запира нивната работа до 5-ти јули.

Задоцнета испорака на делови и тука се наведува како причина. Не се соопштуваат датуми и модели што се погодени.

Нисан Шатаи Кјушу ги произведува Инфинити Ку Икс 80 и сродните модели Нисан Патрол и Нисан Армада. Таму се произведува и престижниот ван од 4-та генерација на Елгранд е-Пауер кој штотуку стартуваше со продажба и има клучно значење за Нисан.

Во фабриката Нисан Мотор Кјушу во близина се изработуваат Кикс е-Пауер, Серена е-пауер и Икс-Трејл, којшто се извезува за САД како Роуг.

Земјотресот со силина од 7,1 степени ја погоди југозападна Јапонија на 28-јули, предизвикувајќи пожари, уривајќи згради, оштетувајќи автопати и прекинувајќи го снабдувањето. Загинаа 35 лица.

Регионот во Кјушу околу фабриките е преполн со фабрики во коишто се изработуваат мотори. Островот е важен за извозот, затоа што е поблиску до континентална Азија.

Добавувачите Аисин, Ренесас, Астемо ги запреа погоните за да ги проценат штетите

Меѓу производителите на делови што се погодени од земјотресот се огранокот на Тојота, корпорацијата Аисин, како и производителот на микрочипови Ренесас.

Запреа и локалните погони на Астемо, добавувач што е создаден во 2021 година со соединување на Хитачи Аутомотив Систем и мрежата од добавувачи на Хонда.

Аисин на Кјушу произведува делови за врати, како брави, рамки и рачки, исто како и делови за седишта, сончеви покриви и алуминиумски делови за мотори. Има најава дека погоните повторно ќе проработат на 31-ви јули.

Ренесас беше слабата алка во светската мрежа од добавувачи при големиот земјотрес што ја погоди Јапонија во 2011 година. Во катастрофата беше разурната една од фабриките на Ренесас во југоисточна Азија, и сите производители на автомобили и нивните добавувачи со месеци ги трпеа последиците. Во тој земјотрес загинаа над 19.000 лица.

Претходна објаваРено го заврши првото полугодие со профит, Кинезите не му влијаат
Следна објаваГранде Панда го препороди Фиат, продажбата рипна преку 20 проценти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here