БМВ отпушта вработени во администрацијата и во развојот на нова технологија. Скусувањето на персоналот нема да ги погоди фабриките.
Веста за масовното отпштање следи откако БМВ во минатиот месец ги смали предвидувањата за тековната година, наведувајќи го како причина слабеењеето на бизнисот во Кина, каде што значително опадна продажбата на германскиот производител во изминатите месеци.
Се предвидува дека отпуштањето на 8.000 лица главно ќе ги погоди германските капацитети на БМВ, посочуваат луѓе што се упатени во состојбите. Тоа соодветствува на околу 5 проценти од вкупната работна сила на производителот.
БМВ и останатите германски производители ги смалуваат трошоците, за да одговорат на предизвиците, како што се намалената продажба во Кина, царините во САД и скапото производство во Европа.
Групацијата Фолксваген, каде што спаѓаат и премиум марките Ауди и Порше, има намера да отпушти десетици илјади работници и да го намали капацитетот, за да може да им парира на кинеските соперници што се пробиваат брзо, како што е случај со БИД.
Кина е најголемиот единечен пазар за БМВ. Спојот од растечка конкуренција од домашните производители, посебно на електрични возила, и кризата на пазарот на недвижнини, притиска врз сите производители на автомобили во Кина.
Извршниот директор на БМВ, Србинот Милан Недељковиќ, заедно со лидерите на работничкиот синдикат, ќе ја објават програмата за доброволна отпремнина на состанок на одборот во Германија, на 30-ти јули. Програмата ќе започне во октомври и ќе се одвива до завршетокот на 2027 година.
БМВ очекува дека програмата за доброволна отпремнина ќе ја зголеми профитабилноста во 2028 година, укажуваат лица што се запознаени со проблематиката.
Баварците се соочуваат и со притисоци од војната на Средниот Исток. Компанијата неодамна реши да се откаже од салонот на автомобили во Париз што ќе се одржи наесен, затоа што има други приоритети.
БМВ вработува околу 150.000 лица во своите глобални капацитети.
Смалувањето на бројот на работни места е скапа постапка во германскиот автомобилски сектор, затоа што гаранциите ги штитат работниците од отпуштање, и компаниите мораат да понудат скапи пакети за на луѓето да им надоместат за губењето на работните места.
БМВ „одговара на падот на пазарот во Кина, додека во исто време работи на зајакнување на конкурентноста на своите германски фабрики,“ изјави Хорст От, претставник на синдикатот ИГ Метал во Баварија и член на надзорниот одбор во БМВ.
Во минатата година, БМВ вработувал 87.436 лица во Германија, што е повеќе од половина од вкупната работна сила. Персоналот уште лани се намалил за 2,3 проценти во споредба со претходната година.
БМВ во изминатите години вложи милијарди евра во својата платформа Ное Класе, врз којашто се развиаат нови електрични модели. Германците се надеваат дека новите модели ќе бидат конкуренција за Тесла и за кинеските производители.
Компанијата ќе објави детални резултати за второто тромесечје на 30-ти јули.















