
Групацијата Фолксваген ги смали предвидувањата за вкупните приходи за 2026 година, откако опадна оперативната добивка во второто тромесечје, како последица од скапите царини во САД и заострувањето на конкуренцијата од Кина.
Групацијата во којашто спаѓаат Порше и Ауди, пријави оперативен профит од 3,5 милијарди евра во периодот од април до јуни, што е за 9,5 проценти под резултатот од истиот период лани. Остварениот промет изнесува 82,4 милијарди евра. Од тоа произлегува оперативна маржа од 4,2 проценти.
Фолксваген со сменетите планови очекува приходот од продажбата да биде намален за најмногу 3 проценти, откако предтходно очекуваше да постигне раст до 3 проценти. Компанијата не ги смени предвидувањата за оперативната маржа што треба да се движи меѓу 4,0 и 5,5 проценти.
Извршниот директор Оливер Блиме притиска за радикални промени кај производителот на автомобили, што вклучува скусување на дури 100.000 работни места, со цел да се зголеми ценовната конкурентост.
Групацијата успеала во првото полугодие да ги компензира „долготрајните неизбежни турбуленции во висина од десетици милијарди евра“, изјави Блуме при објавувањето на резултатите за второто тромесечје на 24-ти јули.
„Автомобилската индустрија и натаму се соочува со исклучителни предизвици,“ изјави шефот, посочувајќи на геополитичките кризи, трговските конфликти, строгите норми, непредвидливите пазари и заострената конкуренција.
Сменетите планови укажуваат на прeдизвиците со коишто се соочува Блуме: Фолксваген треба да реагира побрзо и поефикасно, откако со години заостануваше со софтверот, правеше непотребни трошоци и ја губеше профитабилноста.
Фолксваген очекува подобрување во второто полугодие. Блуме посочи дека е висока побарувачката за новите модели од семејството на урбани електрични автомобили, каде што спаѓаат Фолскваген ИД Поло, ИД Крос, Купра Равал и Шкода Епик.
Тој напомена дека компанијата само за неколку недели добила 70.000 нарачки за тие модели.
Кина била главната сопирачка за добивката на Фолксваген во второто тромесечје. Испораката на возила во периодот од април до јуни опаднала за 37 проценти, додека домашните производители БИД и Џили го засилиле своето водство кај електричните автомобили.
Ослабнатиот пазар на недвижнини остави траги врз добростојбата на домаќинствата и на купувачкиот дух, погодувајќи ги скапите набавки, како што се германските луксузни автмобили.
Фолксваген се обидува да го врати залетот во Кина, преку локални соработки и преку забрзување на развојот. Фрупацијата развива нови модели со Шаопенг, додека Ауди ја користи техниката за електрични автомобили на САИЦ Мотор за своите модели за кинескиот пазар.















