Џеј Ел Ар најмалку една деценија се подготува да изработи Рејнџ Ровер што ќе биде како лимузина, односно своевиден Роуд Ровер. Но, компанијата досега немаше плаформа што ќе овозможи пристојни теренски својства, како што се очекува од еден Рејнџ Ровер, и што на инженерите ќе им даде можност да создадат каросерија како на патнички автомобил.
Решението го дава новата платформа Електрик Модулар Архитекчр, кусо ЕМА. Врз оваа платформа, в година стартува петтата моделска серија во понудата на Рејнџ Ровер, моделот што ќе се води како Рејнџ Ровер ГТ, и претставува комбилимузина со петта врата.
Електричниот Рејнџ Ровер ГТ е замислен како гран турер, односно патнички автомобил што нуди висок комфор при долго патување. Менаџерите на Џеј Ел Ар напоменуваат дека возилото не се вклопува во постоечките сегменти, иако острана се воочува силуетата на СУВ, што е својствена за секој модел на британската марка од 1970 година наваму.
„Тоа е Рејнџ Роверот што е најблиску до автомобил, но не ги жртвува своите теренски споособности и перформансите, затоа што тоа им е важно на нашите клиенти,“ кажа директорот на Рејнџ Ровер, Мартин Лимперт.
Рејнџ Ровер ГТ им оддава чест на славните модели на Ровер, како комбилимузината Ровер 3500 СД1, што се произведуваше од 1976 до 1986 година. Необичната форма на воланот, вратата на багажникот и преклопливите задни седишта, изведени се по пример на СД1, моделот што го потресе сегментот на луксузните лимузини пред 50 години.

Многу простор во внатрешноста
Кабината е изведена со „редуктивен“ стил, за да се создаде простор за спокој и за ненаметлив луксуз, опишуваат од Џеј Ел Ар.
Внатрешноста на Рејнџ Ровер ГТ се одликува со високо седење, изобилство од простор, меки материјали и ракување или преку физички копчиња или гласовно.
Отворите за воздух се сокриени, исто како и звучниците. Звукот допира преку перфорираните материјали. Проекциски дисплеј ќе биде стандард.

Според Џеј Ел Ар, надворешноста зрачи со „чистота, прецизност и тивка модерност“.
Точни податоци за досегот не се наведуваат, меѓутоа производителот претходно соопшти дека платформата ЕМА ќе нуди досег до 450 милји, односно преку 720 километри. Платформата нуди можност и за изведување хибриден погон.
ГТ ќе биде позициониран над кросоверот од средна класа Велар и ќе напаѓа во сегментот што Џеј Ел Ар го гледа како „бел простор“. Меѓу конкурентите се Порше Макан, Мерцедес-Бенц ГЛЦ Купе и БМВ и7.
Велар ќе остане во понудата по лансирањето на ГТ. Лимперт цени дека тоа се два сосем различни концепти на возило.

Марката ќе расте
ГТ му нуди можност на Џеј Ел Ар да го замени Џагјуар Ај-Пејс, а веројатно и Еф-Пејс, којшто престана со производство, откако марката реши да се префрли на целосно електричен погон со модели во сегментот на Бентли.
Џагјуар ќе се врати со лимузината Тајп 01, што ќе ја има својата премиера во Њујорк, во октомври.

Рејнџ Ровер постојано воведува нови сегменти
Кога првиот Рејнџ Ровер се појави во 1970 година, доготаш не постоеја луксузни теренци. Истото е случи и со Евок, стилски сигурен премиум модел во компакт класата. Сега ГТ ќе воведува нов сегмент.
ГТ ќе се произведува во Хејлвуд, во северозападна Англија, од каде што во моментов излегуваат Рејнџ Ровер Евок и Ленд Ровер Дискавери Спорт, со истата техника.
Во фабриката беа вложени близу 700 милиони долари, за прифаќање на новата платформа ЕМА. Станиците за монтажа на возила се проиширени на седум метри, за да се добие простор за подолги модели, меѓу кои и ГТ.
Вториот модел врз платформата ЕМА ќе биде позициониран под Дефендер и ќе доживее премиера в година.
Се очекува голем интерес за ГТ во пазарот во САД. Неколку тамошни марки што нудат пикапи и СУВ, планираат да ги вратат лимузините. Тоа е случај со Шевролет и Бјујк, а исто и Волво планира повторно да нуди лимузина и комби.
За цената на ГТ, се шпекулира вредност блиску до Рејнџ Ровер Спорт, што во Британија стартува малку под 80.000 фунти.
Трите најскапи СУВ модели на Џеј Ел Ар – Рејнџ Ровер, Рејнџ Ровер Спорт и Дефендер – сочинуваат 81 проценти од продадените 79.892 возила од Џеј Ел Ар во второто тромесечје. Продажбата на Велар опадна за 23 проценти, на 4.604 возила, што претставува удел од 6 проценти.
Техничките детали за Рејнџ Ровер ГТ ќе бидат познати во ноември.
















