Еден од секои три продадени автомобили во Франција е електричен

Продажбата на електрични автомобили во Франција ја пречекорила „точката на прелевање“, оценуваат аналитичарите.

Рено 5 Е-Тек е втор најпродаван електричен автомобил во Франција во јуни, по Тесла Модел Уај.

Продажбата на електрични возила во Франција ја достигнала „точката на прелавање“ со удел од 30 проценти во вкупната продажба во јуни, оценија аналитичарите, укажувајќи дека пазарот веќе сигурно се движи во насока на електричните автомобили.

Батериските електрични автомобили постигнале удел од 30 проценти во вкупната продажба на возила во Франција во јуни. Нивната продажба постигнала раст од 94 проценти во споредба со истиот месец лани. Веста ја соопштија ААА Дата, компанија што ги обработува податоците за продажбата во Франција.

„Со еден електричен автомобил на секои три, пазарот ја пречекори точката на прелевање во насока на електрификацијата,“ изјави Мари-Лоре Ниво, директорка за анализа на автомобилскиот пазар при ААА Дата.

За растот во продажбата на ЕВ најмногу придонесоа владините субвенции што достигнуваат 6.000 евра, исто како и програмата за „социјален лизинг“, којашто нуди лизинг на ЕВ по исклучително ниска месечна рата. Третиот фактор се напорите што производителите ги вложуваат за да ги исполнат нормите за намалување на емисијата на ЦО2 за периодот 2025-2027 година.

Производителите претходно сопштија дека треба да постигнат удел на електричните автомобили во продажбата од околу 20 до 25 проценти, за да ги исполнат строгите барања за емисијата на ЦО2 на ЕУ.

Уделот на ЕВ во јунската продажба во Франција бил на уште повисоко ниво на пазарот на приватни купувачи, со 35 проценти. Во првите шест месеци, ЕВ учествувале со 28 проценти во вкупната продажба во Франција, соопштија од ААА Дата.

Најпродаван ЕВ во Франција во јуни бил Тесла Модел Уај со 6.635 возила, а втор е Рено 5 Е-Тек со 4.213 возила.

Просечната емисија на ЦО2 од продадените возила во Франција во јуни изнесувала 77,8 грами на километар. Во јуни 2024 година, просекот изнесувал 96 грами на километар, а лани се спуптил на 91,3 грами на километар.

Продажбата на бензинците опаднала на 14,9 проценти, додека на дизелите им припаднале само 2,6 проценти (само 1 процент меѓу приватните купувачи). Хибридите учестувале со 51 проценти, а приклучните хибриди со 5,6 проценти.

Расте продажбата на електричните автомобили на останатите поважни пазари во Европа. Нивниот удел во Германија изнесувал 25 проценти во мај, а слична вредност имаат и Британците. Во мај, просекот на ЕВ во Унијата, ОК и ЕФТА изнесувал околу 23 проценти.

Останатите показатели на пазарните движења во Франција

  • Пазарот пораснал за 11 проценти во споредба со јуни 2025
  • БИД предводи кај приклучните хибриди, со 1.982 примероци од моделот Ато 2, потоа 740 возила од Силајон С и 713 возила од Сил Ју.
  • БИД е најпродавана кинеска марка со 5.040 возила, пред МГ со 4.688 возила
  • БИД постигнал раст од 399 проценти во продажбата во јуни, додека кај МГ растот изнесува 95 проценти.
  • Кинеските марки држат 7 проценти од францускиот пазар, што е под 10-те проценти во Европа.
  • Во Франција продаваат 14 кинески марки.
  • Групацијата Рено го престигна Стелантис, со 49.767 возила, наспроти 41.810 возила, што претставува отстапување од историскиот тренд
  • Стелантис пак е во предимство во досегашниот тек од годината
  • Тесла ја зголемила продажбата за 105 проценти.

Споредба: Електрична Киа против бензинска Киа, ЕВ 3 против Спортаж

Претходна објаваПаѓа профитот на Хјундаи, слабее продажбата во Европа и во Кина
Следна објаваНа 12-цилиндарците на Мерцедес ќе им расте вредноста, Штутгарт преоѓа на „фау-ахт“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here