Поради царините во САД, Хјундаи во второто тромесечје загуби 900 милијарди вони, дополнително на 860 милијарди вони загуба во првите три месеци од годината.
Профитот на Хјундаи во второто тромесечје е под предвидувањата на аналитичарите, поради забавената продажба на светскиот пазар, неизвесноста во САД и засилената конкуренција од кинеските соперници.
Оперативната добивка изнесува 2,85 трилиони вони (околу 1,9 милијарда долари) за периодот од април до јуни, што е за близу 21 проценти послабо од истиот период лани. Тоа е под 3,1 трилиони вони колку што предвидуваа аналитичарите. Приходите се зголемија за 2 проценти и достигнаа 49,2 трилиони вони, што е рекордна вредност за компанијата на ниво на второ тромесечје.
Овие резултати ги отсликуваат предизвиците со коишто се соочуваат Хјундаи и останатите производители на автомобили, во услови кога бизнисот е под постојана неизвесност.
И покрај зголемената продажба во Северна Америка, укинувањето на државната помош за купување електрични возила стави сенка врз долгорочниот бизнис на корејскиот производител.
Хјундаи ја губи продажбата и од кинеските марки електрични возила, на пазарите во Европа и Азија, а исто царините во САД се голем притисок. Производителот сооошти дека тропшоците за царини во второто тромесечје достигнале околу 900 милијарди вони, што е дополнително на 860 милијарди вони загуба во првите три месеци од годината.
„Оддолжената геополитичка нестабилност, вклучувајќи го конфликтот во Иран, ја зголеми неизвесноста,“ изјави директорот за финансии Ли Сунг Јо при соопштувањето на билансот. „Агресивната офанзива на Кина со електрични автомобили врши голем притисок врз растот на вкупната побарувачка.“
Европскиот пазар се скусил за 33 проценти за Хјундаи
Во второто тромесечје биле испорачани околу 991.000 возила, што е за 6,9 проценти под истиот период во 2025 година. Причина за тоа е опаднатата продажба на Средниот Исток.
Глобалната продажба опаднала 4,2 проценти, вклучувајќи пад од околу 7 проценти во Европа и дури 33 проценти пад во Кина. Продажбата единствено се зголемила за 7,4 проценти во Индија и за околу 4 проценти во Северна
На домашниот пазар, исто така е намалена побарувачката, а заглавија и преговорите околу висината на платите со работничниот синдикат. Делумниот штрајк предизвикува загуба во висина од милиони долари на секој час прекин во работата.
Врз намалената добивка влијае и наглиот скок во цените на суровините, поради конфликтот во Иран. Во меѓувреме, позитивниот ефект од ослабнатата вредност на вонот го подобри билансот на 23,8 милијади вони, откако ќе се земат предвид намалената продажба на светските пазари и зголемените субвенции поради засилената конкуренција, напомена Ли.
Пожарот кај еден добавувач во март и недостигот од компоненти од Индија, исто така предизвикаа прекин во снабдувањето. Тоа влијаеше врз луксузната марка Џенезис, но ситуацијата оттогаш се нормализираше и компанијата планира во второто полугодие да ја зголеми продукцијата, кажа финансискиот директор.
Иако опадна вкупната продажба на возила, хибридите остануваат светла точка, а возилата со електрифициран погон учесртвуваат со околу 27 проценти.
















