Натпреварот се состоеше во тоа што, посетителите на БМВ Велт, на Светот на БМВ во Минхен, требаше да ѝ даваат упатства на вештачката интелигенција, како тие го замислуваат изгледот на своето МИНИ.
Тие замисли потоа се пренесуваа врз електричниот МИНИ Купер СЕ, што беше поставен во објектот. Сите креативци што се впуштија во овој предизвик, преку апликацијата на БМВ Велт ги испраќаа своите дизајни до производителот.
Дизајнерите на МИНИ на крајот избраа тројца финалисти, чијшто дела сметаа дека најдобро се совпаѓаат со стилот на британската култна марка.
За конечниот победник се решаваше преку гласање на Инстаграм. Заедницата на МИНИ гласаше до 25-јуни за својот фаворит. Со 52 проценти од пристигнатите гласови, победи дизајнот на Даниел Хербс.
Наградата вредеше за трудот. Даниел десет месеци ќе вози електрично МИНИ Купер СЕ, точно со дизајнот што тој го замисли. Возилото му беше прерадено на користење на победникот на 20-ти јули во БМВ Велт.
Второпласираниот Џозеф Шилваѓи од Канада доби куфер МИНИ, а третопласираната Антонија Медер од Минхен, помал куфер.
















