Алфа Ромео подготвува нов Тонале за 2027 година

Алфа Ромео планира првиот од планираната генерација нови модели да го пушти кон завршетокот на следната година, соопшти европскиот шеф на Стелантис, Емануел Капелано, на состанок во италијанското министерство за индустрија.

Сликата што ја објави Алфа Ромео прикажува закосен заден столб, што води кон заклучок дека идниот СУВ ќе има опаш во стил на купе.

Новиот модел ќе го замени компактниот СУВ Тонале и ќе биде конструиран врз платформата СТЛА Медиум, исто како Пежо 3008/5008, Ситроен Ц5 Еркрос, Опел Грандленд и Џип Компас. Производството ќе се одвива во фабриката на Стелантис во Мелфи, Италија, од каде што веќе излегува новиот Компас.

Моделот ќе ја доживее својата премиера во последниот квартал во 2027 година, наведе Алфа Ромео во соопштението придружено со фотографија што прикажува дел од возилото. Кадарот прикажува закосен заден столб, од што може да се заклучи дека идниот модел ќе има опаш како купе.

Алфа Ромео првпат објави дека планира нов модел на местото на Тонале.

Како составен дел од новиот бизнис план на Стелантис, наречен Фастлејн 2030, Алфа Ромео планира до завршетокот на деценијава да лансира и комбилимузина од компакт класата, каде што последен пат ја нудеше Џулиета. Како основа за тој модел ќе послужи новата платформа СТЛА Уан на концернот.

Идната комбилимузина ќе им конкурира на А-Класата на Мерцедес-Бенц, Ауди А3 и на Серијата 1 на БМВ. Италијанците излегоа од тој сегмент, откако во 2020 година заврши производството на Џулиета, модел што следеше по исто така популарната 147-ка. Италијанските медиуми објавија дека идниот модел веројатно ќе го задржи името Џулиета.

Понудата на Алфа Ромео во моментов ја сочинуваат малечкиот СУВ Јуниор, којшто наскоро ќе има фејслифт, како и двата модели од средната класа, спортската лимузина Џилија и нејзината СУВ-изведба Стелвио.

Марката уште ги прецизира плановите за идните модели од средната класа, чијшто замени ќе следат кон завшетокот на следната година.

Продажбата на Алфа Ромео во Европа опадна 21% во првите пет месеци, со 22.457 возила.

Од Тонале, конкурент на Мерцедес-Бенц ГЛА, Мини Кантримен, Ауди Ку 2 и БМВ Икс 1, во првите пет месеци се продадени 5.812 возила, што е за околу една четвртина помалку од истиот период лани.

Капелано на состанокот најави и други новитети.

Тој кажа дека Стелантис развива нови батерии што ќе ги произведува во својата фабрика во Мирафиори, во Торино, со што електричната изведба на Фиат 500 ќе биде „уште поконкурентна и попривлечна“ во 2027 година.

Нова генерација на Фиат 500, што денес се произведува и во електричнa и во хибридна изведба, се очекува во 2030 година.

Стелантис, Ферари и Ивеко, со поддршка од здружението Анфиа, побараа Европската Комисија да им издаде сертификат за компании со висока потреба од енергија, со што тие би добиле низа мерки за помош.

Алфа Ромео Јуниор · Тест · Да не беше Алфа, ќе беше само 966

Претходна објаваФолксваген пушти стадо овци да „работи“ во фабриката во Познан
Следна објаваФолксваген ИД Крос: Исто како електричното Поло, но СУВ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here