Францускиот претседател додаде електричен автомобил во возниот парк

Емануел Макрон, претседателот на Франција, повторно го поднови својот возен парк. Секако дека станува збор за премиум марката на Стелантис, ДС, за моделот со ознака Број 7.

Претседателот на Франција и досега се појавуваше во јавноста со електричен ДС. За време на одбележувањето на победата на сојузниците над Германија во втората светска војна, на 8-ми мај лани, Макрон се возеше во посебно преработен примерок од ДС Број 8.

Меѓу посебностите на тоа возило што се користи за паради е уникатната сина боја, исто како и платнениот покрив, што премиум марката на Стелантис не го нуди во серија. Во возниот парк на претседателската палата сега пристигна уште еден нов ДС. Тоа е моделот Број 7, во посебна изведба со ознака Елизе.

Макрон веќе се запиша во историјата како прв претседател на републиката, кој во рамките на својата служба се возеше во електричен автомобил. ДС Број 7 сега е првиот електричен автомобил што влегува во возниот парк на Претседателот.

Секако дека државничкиот автомобил претрпе големи промени. ДС Број 7 Елизе има меѓуоскино растојание што е продолжено за 25 сантиметри во споредба со стандардниот модел. Држачите за знаме се стандард, исто како и посебната сигнализација.

ДС Број 7 ја дели техниката со Пежо 3008 и Ситроен Ц5 Еркрос

Главните промени сепак се во подрачјето на безбедноста, на заштитата на важните личности во претседателскиот автомобил. Вообичаено, производителот не наведува податоци за заштитата што ја има применето кај ДС Број 7 Елизе.

Меѓу малкуте детали што се пуштени во јавноста, се страничните стакла чијашто проѕирност може да се менува. Бојата на каросеријата, што се води како Либерти Блу, е уште една посебност на уникатниот автомобил.

Дали има зафати во моќноста, не се наведува, но сосем е извесно дека возилото располага со најмалку 350 КС, со два погонски електромотори за погон на сите тркала и со батерија од најмалку стотина киловатчасови, колку што поседува врвната изведба на стандардниот ДС Број 7.

Нарачките за Број 7 ќе стартуваат наскоро, а испораките почнуваат во септември.

Претходна објаваЕлектрична Шкода побрза од Тестароса, Ламбо, Порше
Следна објаваБМВ се надева на враќање на продажбата во Кина, но Кинезите отидоа далеку

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here