Електрична Шкода побрза од Тестароса, Ламбо, Порше

При забрзување од место, Шкода Елрок РС победи автомобилски икони од 1980-те години, суперспортски автомобили што беа неспоредливи во своето време.

На драг-трка организирана од англискиот огранок на Шкода, спортската изведба Елрок РС се соочи со некои од најголемите имиња во 1980-те години. Електричниот СУВ од класата на Карок не е тој што остана посрамотен по трката.

Чешката марка ги одмеруваше силите на својот електричен Екрок РС со Ферари Тестароса, Ламборгини Кунташ и Порше 944 Турбо.

Обожувачите на бензинот веднаш ќе негодуваат. Електричен СУВ од компактната класа, што изгледа неубедливо покрај нив, постигна јасно водство пред суперспортистите.

Но, од гледиште на техниката, тоа не треба да изненади. Елрок РС без големи губитоци и со погон на сите тркала, ја пренесува својата моќност од 340 КС на патот. Тука нема пролизгување на спојката, нема прекини во влечната сила при менување степени, а воопшто не е проблем главната тема од тоа време, турбо-дупката. Кога ќе се има сето тоа на ум, јасно е зошто Шкодата изби во толкава предност.

Моќноста на автомобилите порасна нагло во изминатите децении. Тоа што на времето можеа да го постигнат само суперспортските автомобили, денес се добива во семејни СУВ и во електрични кросовери. Шкода профитира од техника што е супериорна во спринт.

Споредба на круши и јаболка?

Видеото што беше споделено на друштвените мрежи предизвика бурни дискусии. Драг-трката сепак е само еден мал дел од приказната. Фасцинацијата кај Ферари Тестароса или Ламборгини Кунташ не е во спринтот на сто метри. Тука се работи и за дизајн, звуци, емоции, доживување на возењето, а секако и душата што ја поседуваат овие италијански машини. Кунташ не стана легенда со тоа што сите ги победува на поаѓање од семафор.

Елрок РС сепак прикажува убедливи перформанси при забрзувањето од место до 100 км/ч. Но, кога треба да се вози долго со висока брзина, па и да се искористи највисоката брзина, електричната Шкода сепак мора да им препушти на суперспортистите.

Додека Шкода престанува да забрзува на 180 км/ч, за досегот да не исчезне за миг, Порше 944 Турбо вози до 245 км/ч.

Споредбата нема многу тежина. Кога ќе се земат предвид сите способности на Ламбо и компанија, јасно е дека победата секогаш ќе им припадне нив. Но, мора да се признае дека моќноста којашто некогаш нé одушевуваше кај суперспортските модели, а денес се добива и кај малку посилни модели за народот, не е единственото врз што се изградени овие големи автомобилски икони.

Претходна објаваБИД испорачувал автомобили од стара моделска година во Австралија
Следна објаваФранцускиот претседател додаде електричен автомобил во возниот парк

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here