Форд повеќе не е најпродаван автомобил во САД

По долги години, продажбата во САД не ја предводи пикап или Тојота РАВ4. Проблемите во Форд отворија простор за Хонда ЦР-В да се пробие на врвот.

Големата гордост на индустријата во САД, Форд Ф-150, мораше да му го препушти местото на еден јапонски автомобил.

Со децении, името на врвот на продажбата на автомобили во САД беше познато однапред и не се менуваше. Местото обично му припаѓаше на пикапот Форд Ф-150. Лани таму се најде Тојота РАВ4. Годинава пак се сменија работите.

Во првото полугодие, продажбата во САД не ја предводи ниту Форд Ф-150, ниту Тојота РАВ4, туку Хонда ЦР-В. Од јануари до јуни, тоа е најпродаваниот автомобил во земјата.

Во првото полугодие во САД се продадени 226.114 возила Хонда ЦР-В. Јапонскиот СУВ го престигна домашниот пикап Форд Ф-150, којшто во истата временска рамка постигна 209.311 продажби. На третото место е пикапот Шевролет Силверадо 1500 со продадени 194.807 возила, а дури по него следи Тојота РАВ4 со 153.955 возила до јуни.

Оваа смена на водечкото место сепак не се должи на некакво нагло опаѓање на побарувачката за најпродаваните модели, туку е последица на проблеми во производството и во снабдувањето.

Форд имаше проблеми со снабдувањето со алуминиум во производството на Ф-150. Тој проблем настана при пожар во погоните на добавувачот Новелис во минатата есен, што понатаму предизвика прекини во целото снабдување. Пикапот со месеци се соочуваше со ограничена продукција.

Кај Тојота, продажбата опадна поради генерациската смена, откако РАВ4 стартуваше во шестата генерација. Префлувањето на производство на новиот модел во фабриките во Јапонија и Северна Америка влијаеше врз продукцијата и тоа соодветно се одрази врз достапноста на моделот. Продажбата на РАВ4 падна 36 проценти во споредба со првото полугодие во 2025 година.

Тојота РАВ4 · Тест · Со платформа за разгледување од задна клупа

Хонда профитираше

Хонда ја искористи оваа ситуација, но имаше и добра позиција за да се вмеша. Производството на ЦР-В се одвиваше со постојана динамика, дилерите нудеа попусти, се рекламираа хибридите. Половината од јунската продажба отпаѓа на хибриди.

Неизвесно е дали сменетите места ќе останат до завршетокот на годината. )Откакоќе се нормализира производството во Форд и Тојота, повторно ќе се вжешти битката за врвот. ЦР-В првпат е на врвот на продажбата во САД.

Претходна објаваПорше ги објави платите на вработените, 100.000 евра се стандард
Следна објаваЗатоа луѓе ги сакаат електричните автомобили: Кабината чека изладена

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here