Затоа луѓе ги сакаат електричните автомобили: Кабината чека изладена

Не е исклучено, токму ладењето на кабината пред да се седне во неа да наведе возачки и возачи да изберат електрично возило. Опел потсетува дека и тоа е дел од комоцијата на знаменосецот Грандленд Електрик.

Кабина што е доведена на пријатна температура, било лете или зиме, прави возењето да биде побезбедно, телото да се напрега помалку, а и вистински се ужива во возењето. Електричните автомобили обично нудат можност да се вклучи климатизацијата додека возилото чека на паркинг.

Пуштањето тајмер за однапред да се вклучи греење на кабината не е новина. Производителите своевремено наплаќаа неколку илјади, тогаш германски марки, за да вградат „штандхајцунг“, односно народски „вебасто“. Ладењето веќе беше проблем. Тие системи лете можеа само да го свртат воздухот во кабината, но не и да го разладат.

Денешните електрични автомобили, меѓу другото, ја имаат и предноста што можат да вклучат ладење или греење на кабината, кога возачката или возачот ќе притиснат на апликацијата или ќе го наместат времето. Тоа е стандардна функција кај повеќето електрични автомобили. Системот ја користи енергијата во батеријата и работи ефикасно, без опасност дека автомобилот за еден или два часа ќе остане без струја.

Обично и возилото останува приклучено на полнач, така што пред да се појде на работа или пат, батеријата останува целосно наполнета. Добро темперираната кабина е корисна и за досегот да биде подолг, затоа што возилото по поаѓањето не мора да троши енергија за допрво да ја постигне температурата во кабината.

Секако дека ладењето на кабината може да работи и во време кога патниците по долг пат ќе отидат на починка, така што по враќањето нема да ги пречека сауна во возилото.

Опел препорачува да се вклучи предгревањето или предладењето, затоа што техниката се оптоварува помалку по поаѓањето

Уште една важна предност на овој систем, што е стандард во знаменосецот Опел Грандленд, како и во моделското семејство на Астра, секако во нивните електрични изведби, е тоа што системот се грижи и за температурата на батеријата да биде оптимална, како при полнење, така и при поаѓањето. На тој начин, од една страна се скусува полнењето, а од друга, се постигнува подолг досег.

Во таков случај, може да се очекува декларираниот досег од 521 километри кај Опел Грандленд Електрик, односно дури 694 километри, во изведбата со поголема батерија.

Ладењето или греењето на батеријата помага и за продолжување на нејзината трајност. Опел дури препорачува да се вклучи ладењето преку тајмер, за да се смали оптоварувањето на батеријата по поаѓање. Зиме, пак, батеријата се подзагрева додека е на полнач, за да се склуси полнењето, затоа што при ниски температури, моќноста на полнењето се смалува.

Ладењето или греењето на кабината се вклучува автоматски, кога навигацијата ќе одреди дека треба наскоро да се запре на полнач.

Претходна објаваФорд повеќе не е најпродаван автомобил во САД
Следна објаваМерцедес-Бенц три децении ја снабдува Ф1 со безбедносни и лекарски возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here