
Во интервјуто дадено во седиштето на Блумберг во Њујорк, извршниот директор на Нисан, Иван Еспиноза, не придава големо знаење на тоа што Рено во минатата недела не гласаше за повторно назначување на влијателниот надворешен директор Мото Нагаи.
Еспиноза вели дека губењето на местото на Нагаи во управниот одбор, на коешто тој беше назначен во 2019 година, не треба да се толкува како повторно затегнување на односите меѓу Нисан и Рено.
„Многу се зборуваше за тоа при промената во структурата на меѓусебната размена на акциски удели, во смисла на ‘тие сега ќе се разединат и се мрзат,’“ кажува Еспиноза. „Но, вистината е дека ние сораотуваме подобро од кога било.“
Алијансата меѓу Рено и Нисан беше драматична уште од самиот почеток, кога францускиот производител на автомобили го спаси јапонскиот колега во 1999 година. Двете компании во следните две децении се разидуваа околу вмешувањето на владата и нерамномерната распределба на моќта, што на крајот доведе до апсење на долгогодишниот лидер Карлос Гон во 2018 година.
Еспиноза, 47-годишник, упатува дека е голема разликата меѓу тие несогласувања и одбивањето на Рено да гласа за Нагаи, поранешен банкар на финансиската група Мизохо, кој пет години работеше како ревизор на Нисан, пред да се приклучи во одборот на производителот. Изврниот директор кажа дека Рено се воздржал од гласање за 72-годишниот Нагаи, поради загриженост дека тој работи предолго во Нисан.
„Толку е јасно,“ вели Еспиноза. „Тие се акционери во компанијата и имаат право да постапат така.“

Рено и Нисан постигнаа подобар баланс во 2023 година
Рено и Нисан потпишаа клучна спогодба во почетокот на 2023 година, кога двете компании ги урамнотежија силите. Рено пред тоа поседуваше 43 проценти во Нисан, далеку над 15-те проценти гласачки удел на Нисан во Рено.
Рамнотежата беше постигната на тој начин, што Рено пренесе над 28 проценти од акциите на Нисан во француски труст, што беше неутрален при повеќето одлуки што се донесуваат преку гласање. Французите во септември 2024 година продадоа голем дел од акциите.
Еспиноза напомена дека не треба да се избрзува со заклучоци, кога се гледа колку време е поминато од последното повлекување на Рено.
„Не е важно дали поседувате акции во компанијата. Вредноста не зависи од тоа,“ објаснува Еспиноза. „Вредноста доаѓа од соработката и од создавањето синергија. Размената на удели ништо не укажува.“
Нисан работи на проекти со Хонда, на ист начин како што соработува со Рено, иако двата јапонски производители немаат размена на удел во акциите, кажува Еспиноза. Компаниите преговараат за соработка во електрониката и софтверот, а можно е да разменуваат погонски и батериски компоненти.
Нисан ја продолжува соработката и со третиот партнер во алијансата, со Мицубиши. Еспиноза најави дека пикап на Мицубиши со средна големина ќе биде едно од шесте возила што Нисан ќе ги произведува во својата фабрика во Кантон, Мисисипи. Таму во моментов се произедува само еден модел, пикапот Фронтир.
Нисан ќе ја заврши фискалната година постигнувајќи искористеност од најмалку 75 проценти на својата мрежа од фабрики во светот. В година, кога компанијата ќе започне со оптимизација на својата фабрика во Опама, Јапонија, искористеноста ќе достигне околу 90 проценти.
Во изминатите неколку години, степенот на искористеност на фабриките на Нисан опадна на „60-на“ проценти, кажува Еспиноза. „Тоа беше навистина ниско“, вели шефот.
Кусо по преземањето на функцијата на извршен директор на Нисан пред 15 месеци, Еспиноза објави дека планира да затвори седум фабрики и да укине 20.000 работни места, откако Нисан ја имаше најголемата загуба во историјата. Компанијата очекува уште во тековната фискална година да се врати во зоната на профит, со предвидување за 20 милијарди јени (околу 123 милиони долари) чист приход во годината што завршува во март 2027 година.















