Форд ги повикува возачките и возачите на Пума да се вратат во сервисната работилница. Малечкиот кросовер има проблеми со зглоб во погонската осовина што се крши.
Нови проблеми за сопственици на Форд. Проблемот ги погодува сите пазари и важи за 12.782 произведени примероци од малечкиот кросовер Пума.
Во возилата што се произведени меѓу септември 2025 и февруари 2026 година, постои опасност од кршење на внатрешниот зглоб во десната погонска осовина.
При кршење, Пума губи погон и не може да се продолжи со патувањето. Скршениот зглоб сепак не влијае врз управувањето, така што откако Форд Пума ќе остане без погон, може барем да се управува кон работ на патот.
Техничкиот пропуст е утврден откако сервисерите при технички преглед забележале недозволени вибрации и звуци.
На вебсајтот на дилерот на Форд за македонскиот пазар не се објавени информации што ќе ги упатат возачките и возачите на Пума на опасноста.
Во сервисните работилници ќе се проверува погонската осовина и по потреба ќе се замени.
Возачите на Форд Пума досега 15 пати беа вознемирувани со сервисни повици
Форд досега 15 пати ги има повикувано возачките и возачите на Пума на непланирана посета на сервисната работилница. Првиот проблем се покажа уште во мај 2020 година, кога моделот стар одвај една година, мораше да се остави во сервисна работилница поради грешно прицврстена воздушна перница. Тогаш близу 30.000 сопственици на Форд првпат имаат проблеми со Пума.
Потоа следеа сервисни повици и за блокирање на задното тркало и попречување на сопирањето, па дури имаше и ризик од пожар за возила произведени од 2021 до 2024 година. Оваа масовна преселба на Пума во сервисите се однесуваше за 524.754 примероци од моделот.
Форд Пума не е единствена, возачите на хибридната Куга имаат уште поголеми проблеми
Форд десетпати ги повикуваше возачите на хибридната Куга во сервис
















